ВАША ОРДИНАЦИЈА: Цигарите го слабеат имунитетот на белите дробови и поттикнуваат хроничното воспаление

by Тони Зографски

Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска

интернист-нефролог

ПЗУ Зегин Интермедика

Чадот од цигарите има повеќе од 20.000 хемикалии, канцерогени и токсични материи кои го напаѓаат имунолошкиот систем кој е одбранбен механизам на телото.

Чадот од цигарите во белите дробови предизвикува каскада на штетни реакции. Имуните клетки ја губат способноста да функционираат правилно, телото станува поранливо на инфекции и хронично воспаление. Овој нарушен локален имунитет создава основа за сериозни болести, хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) и рак на белите дробови.

Децата изложени на овие штетни хемикалии во раното детство, пасивно пушење, се соочуваат до нарушен развој на белите дробови, ризик од респираторни инфекции, астма, намален капацитет на белите дробови и зголемена осетливост на автоимуни состојби.

Чадот од цигарите, токсичните хемикалии, има имуно-модулирачки ефект, ја менува рамнотежата на имуните клетки, ткивото се оштетува, се уништува архитектурата на белите дробови и води до промени кои промовираат хронично воспаление и ја ослабуваат респираторната одбрана.

Потисната е активноста на специјализираните имунолошки клетки кои се клучни во имунитетот на белите дробови, намалена е нивната способност да препознаат и да одговорат на заканите од микробите. Ова прави белите дробови да се подложни на инфекции и воспаление. Имунолошкиот систем не може да го реши воспалението кое станува хронично и се зголемува ризикот од болести.

Клетките кои помагаат во чистење на остатоци и патогени, инфицирани или канцерогени клетки, стануваат нефункционални, ослободуваат воспалителни сигнали кои го влошуваат оштетувањето на ткивото и ја спречуваат поправката, намалена е способноста на телото да се опорави од повреди.

Намалена е активноста на регуларторните клетки кои помагаат да се контролира воспалението и да се одржи имунолошкиот баланс.

Пушењето промовира средина која овозможува канцерогените клетки да избегнат нивно откривање и да растат неконтролирано.

Пушењето има двојно влијание на имунолошкиот систем, одредени заштитни имунолошки реакции се потиснати, други воспалителни патишта се престимулирани. Оваа дисрегулација допринесува за хронично воспаление, респираторни болести и дисфункции поврзани со имунолошкиот систем. Средината е парадокслна – телото е и хипер-воспалено и ранливо на инфекции.

Кај пушачите, зголемени се нивоата на воспалителни сигнали, проинфламаторни цитокини кои предизвикуваат колатерално оштетување на здравото ткиво на белите дробови.

Во исто време, потиснати се антиинфламаторните цитокини кои помагаат да се реши воспалението, се нарушува одбраната. Се создава маѓепсан круг, состојба на хронично нерешено, неконтролирано воспаление кое ги оштетува белите дробови.

Поради дисрегулацијата, имунолошкиот систем излегува од контрола и се јавуваат автоимуни реакции кога телото ги напаѓа сопствените ткива (ревматоиден артритис, псоријаза).

Покачени се нивоата на реактивните кислородни видови (РОС), оксидативниот стрес го забрзува оштетувањето на ткивото и ги ослабува имунолошките реакции.

Заштита на имунолошкиот систем од штетата од пушењето:

– престанок на пушење, избегнување на пасивно пушење

– исхрана богата со хранливи материи, антиоксиданси, витамин Ц, витамин Е, цинк

– секојдневното движење ослободува од стресот, ја намалува желбата за цигари, го зајакнува имунитетот, се подобрува капацитетот на белите дробови

– изложување на сончева светлина, се произведува витамин Д важен за здрав имунолошки систем

– престој во природа.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com