Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Псоријазата е честа воспалителна автоимуна кожна болест која предизвикува црвени луспести петна кои чешаат, најчесто на колениците, лактите, трупот и скалпот. Болеста е долготрајна, хронична за која нема излекување. Поминува низ циклуси кога е букната и време кога е во ремисија. Третманот е промена на животниот стил и стратегии за справување со симптомите.
Псоријзата не е лесна состојба за справување и го афектира и менталното здравје. Справувањето со болеста е емоционално исцрпувачко.
Најчести причини болеста да букне се стрес, инфекции, настинки, обезност, ладно и суво време, ошетување на кожата, пушење, алкохол, лекови.
Псоријазата не може да се превенира, вродена е. Псоријазата е надворешна манифестација на обидот на телото да ги “исфрли” внатрешните отрови. Помошта се состои во промена на исхраната (балансирана противвоспалителна) и начинот на живот.
Која е најдобрата храна за пациенти со псоријаза нема најточен одговор, нема докази за врска меѓу специфична храна и псоријазата. Секој пациент е различен, секој треба да најде која храна е најдобра за него. Храната не ја лекува болеста, помага да се намалaт изблиците.
Овошјето и зеленчукот треба да се основата на исхраната. Имаат високи антиинфламаторни својства, добар извор се на влакна и природен шеќер. Содржат природни антиоксинадси и полифеноли кои се заштитни состојки во растенијата.
Јагоди, боровинки (“суперхрана за псоријаза”), јаболка, портокали, цреши, манго и кајсии.
Авокадото содржи здрави масти, антиоксиданси, омега-3, калиум.
Листест зеленчук – спанаќ, кале, зелена салата, рукола. Содржат фолна киселина, витамин К, селен, влакна.
Брокули, карфиол, зелка, прокељ
Моркови, благ компир, тиква, тиквица
Мешунки – грав, леќа, наут.
Јатките и зрнестата храна имаат антиинфламаторни оксиданси. Содржат добри масти, омега-3 масни киселини, влакна, витамин Е, растителни стероли, Л-аргинин.
Здрави зрна: кафеав ориз, јачмен, булгур, просо, овсена каша, цело зрно пченица и пченка. Богати се со влакна кои го намалуваат воспалението и ја подобруваат регулацијата на шеќерот.
Киноата е богата со витамини, хранливи материи, влакна и протеини, содржи есенцијални амино киселини, магнезиум, железо, калциум, витамин Б и Е.
Посно месо – мисиркино и пилешко месо.
Рибата е меѓу првите десет намирници за здрав живот. Содржи квалитетни протеини, омега 3 масни киселини, витамини и минерали. Рибиното масло го подобрува имунолошкиот систем и спречува хронични воспаленија.
Здрави масти: масни риби како лосос, туна, сардини,харинга, пастрмка; ореви, бадеми, кикиритки; ленено семе, семки од тиква и сончоглед, чиа семе; ладно цедено маслиново масло, авокадо.
Јаболков оцет – може да се користи директно на кожата или во исхраната.
Лукот има природни антибиотски својства, има состојка која ги запира ензимите одговорни за воспаление.
Тревки и зачини богати со антиоксиданси (тимијан, ким, ѓумбир),
Храната која поттикнува воспаление во телото треба да се елиминира: црвено месо, сирење, млеко, жолчка од јајце.
Зеленчук како домати, модри патлиџани, компири, пиперки, чили пиперчиња , тутун, ашваганда – влијаат на воспалението на лигавицата на цревата.
Преработената храна содржи состојки кои предизвикуваат воспаление: сувомеснати производи, крекери, бисквити, смрзната готова храна (пица).
Алкохол от има несакани ефекти на имунолошкиот систем и може да го намали одговорот на терапијата.