Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Видот и количината на храна игра главна улога во нивото на енергија во текот на денот. Недостатокот на енергија влијае на секојдневните активности и продуктивноста. Целата храна дава енергија но некои храни особено помагаат за подигање на нивото на енергија, ја одржуваат будноста и го подобруваат фокусот.
Храна за одржување на нивото на енергија:
Банани – сложени јаглехидрати, влакна, калиум, витамин Б6 кои обезбедуваат одржлива енергија и мускулна функција.
Јогурт – јаглехидратите лактоза и галактоза ослободуваат енергија која може веднаш да се користи.
Кафе – кофеинот го стимулира мозокот и телото, ја зголемува будноста и го подобрува фокусот.
Мрсни риби – лосос (“храна за мозокот,” помага за депресија и добро расположение), туна; омега-3 масни киселините го намауваат воспалението кое е причина за замор, витамин Б12 учествува во создавање на црвени крвни зрнца и во искористување на железото со што се намалува заморот и се зголемува енергијата.
Јајца – протеини и Б витамини кои помагаат ензимите да ја разградат храната за енергија. Леуцинот помага клетките да примат повеќе глукоза, стимулира продукција на енергија во клетките и зголемува разградба на мастите за продкција на енергија.
Кафеав ориз – побогат со влакна, витамини и минерали од белиот ориз. Манганот помага ензимите да ги разградат јаглехидратите и протеините за да генерираат енергија.
Благ компир – влакна, сложени јаглехидрати, манган, витамин А.
Јаболки – обезбедуваат споро и постојано ослободување на енергија.
Портокали – витамин Ц се бори со оксидативниот стрес и го намалува заморот.
Авокадо – суперхрана, здрави масти, влакна, Б витамини, обезбедува постојано ниво на енергија.
Јагоди – антиоксиданси кои се борат со заморот и ја подигаат енергијата.
Вода – дехидрацијата ги успорува метаболните процеси вклучувајќи и продукција на енергија.
Зелен чај – кнцентрирани моќни антиоксиданси, кофеинот зголемува ниво на енергија, Л-теанинот ги убажува ефектите на кофеинот, анксиозноста и неспокојот; дава поумерен прилив на енергија, намалува замор.
Црно чоколадо – теобромин и кофеин, стимулативни состојки кои ја зголемуваат менталната енергија, се подобрува расположението.
Овесна каша – бета глукан, минерали, Б витамини, железо, манган. Одличма храна за постојано ослободување на енергија и стабилно ниво на глукоза.
Хумус – комбинација од наут, паста од семе од сусам (тахини) и лимон; содржи протеини, јаглехидрати, влакна и здрави масти.
Семиња – чиа, ленено, семки од тиква; растителни омега-3, протеини и влакна за борба со заморот и воспалението, обезбедуваат постојано ослободување на енергија.
Киноа – суперхрана, семе богато со протеини, јаглехидрати и влакна, манган, магнезиум, фолати и витамини; јаглехидратите бавно се абсорбираат и бавно се ослободува енергија.
Грав и леќа – богат и ефтин извор на хранливи материи, протеини, влакна, јаглехидрати, фолати, манган, цинк, железо кои помагаат за продкцикја на енергија во клетките.
Јадки – протеини, јаглехидрати, здрави масти, калории, манган, железо, Б витамини, витамин Е. Оревите се богати со омега-3 и омега-6 масни киселини, бадемите со магнезиум и Б витамини.
Листнати зелени зеленчуци – спанаќ, кале; богати со железо, калциум, магнезиум, калиум, витамин А, Ц, Е и К, фолна киселина, влакна и антиоксиданси.
Цвекло – подобрува крвен проток, снабдување со кислород, енергија и издржливост.