Др.Искра Петровска Шешова
Специјалист Дерматовенеролог
Дерматолошко естетска ординација Др.Искра
Хемискиот пилинг е еден од најстарите третмани во естетската дерматологија кои се применувале во Стариот Египет и Рим. Со помош на овој третман дамите во дамнешни времиња добивале мека и поубава кожа.
Хемискиот пилинг е третман при кој се нанесува хемиска супстанција која се користи за отсранување на површинските мртви клетки и овозможува да се обноват со млади и ревитализирани клетки.
При хемиски пилинизи можат да се користат Алфа хидрокси киселини. Тоа се овошни киселини во кои спагаат млечна,лимунска и гликолна .Потоа Бета хидрокси киселини како што е салицилната киселина Потоа трихлороцетна киселина ,ретиноична ,ферулична,фенол и др.Сите тие можат да се употребуваат во различни концентрации и за различни индикации на кожата. Можат да се површински ( суперфицијални ) ,средни и длабоки.
Важно е прво да се направи детален преглед од страна да дерматолог. за каков тип на кожа се работи , да се процени кој тип на киселина ќе се примени ,колку третмани се потребни и како после третманот да му се објасни на пациентот како да ја негува кожата .
Зошто да го одбереме хемискиот пилинг?
Се работи за третман кој е безбеден , природен и дава одлични резултати дококлу се изведува во медицинска установа од обучен и едуциран кадар. Во светот хемискиот пилинг го применуваат дерматолози и пластични хирурзи кои се посебно едуцирани за овој тип на третмани.
Коклу трае третманот со хемиски пилинг ?
Третманот со хемиски пилинг не трае повеќе од 30 – 40 мин.Прво се информира пациентот за третманот.Се пополнува протокол за согласност ,се чисти лицето од шминка и се заштитуваат деловите кои нема да се третираат .Се нанесува хемиската супстанција со помош на четкичка Во зависност кој тип на пилинг ќе се работи или се неутрализира или не .Потоа се става смирувачка маска ,регенеративен крем и крем со заштитен фактор.На пациентот му се објаснува што да очекува во домашни и како да го негува лицето.Обично се препорачуваат 5-6 третмани на растојание од 3 – 4 недели . за добивање на посакувани резултати.
Колку трае времето на опоравување од овој третман ?
Времето на опоравување од хемискиот пилинг е различно се зависи од типот на кожата ,од применетата концентрација и типот на пилингот дали е површински ,среден и длaбок.Периодот на опоравување може да е од неколку дена до 2 недели .
Каде се можеме да го примениме хемискиот пилинг ?
Акни ,лузни од акни ,проширени пори,дехидрирана кожа ,мали и средни брчки,дамки од сонце ,стрии и друго .
Каде не е дозволена примена на хемискиот пилинг ?
Хемискиот пилинг не се применува кај бремени жени ,во случај ако се користат орални контрацептиви ,ако има активна инфекција на кожа и ако користат терапија со орални ретиноиди.