Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Фибромијалгијата e хронична состојба на болки во мускули, тетиви и зглобови насекаде во телото, особено долж рбетниот столб. Состојба која се карактеризира со раширена мускулоскелетна болка пратена со генерализирана слабост, области на осетливост, промени во расположението, помнењето и сонот. Фибромијалгијата ги засилува болните сензации преку влијание на начинот на кој мозокот ги процесира болните сигнали.
Симптомите некогаш почнуваат по физичка траума, операција, инфекција или сигнификантен психолошки стрес. Некогаш симптомите постепено се акумулираат со тек на време без некој тригер настан.
Не е поврзана со повреда на мускулите, нервите или зглобовите, несоодветно опоравување или пак сериозна повреда или болест. Овие лица не се со зголемен ризик за друга мускулоскелетна болест.
Кога стресот предизвикува без ослободување, телото нема време за опуштање или подготовка за слениот предизвик. Ова се вика дистрес. Дистресот може да откочи бројни физички реакции и да води до симптоми на фибромијалгија.
Жените се почесто зафатени и симтомите се поизразени и потешки се болката, утринскиот замор, со менопауза симптомите може да се влошат. Се смета дека 2-4% од населението може да има. Лица со фибромијалгија често имаат и тензиони главоболки, болка во темпоромандибуларниот зглоб, синдром на иритабилно црево, анксиозност и депресија.
Причини
Најверојатно се работи за повеќе фактори кои работат заедно.
Генетика – оди во фамилии, можни се одредени генетски мутации кои водат до предиспозиција за болеста.
Инфекции
Физичка или емоционална траума
Точната приичина не се знае. Има многу теории, една е и стресот.
Стресот често предизвикува пореметени навики за спиење и одмор. Кога се нема доволно сон телото не продуцира хемикалии потребни за контрола на болка. Ова предизвикува осетливост во горен дел на грб и надлактици и води до симптоми на фибромијалгија.
Физички и емоционални фактори може да имаат исто така улога. Болест, инфекција, како физички фактор може да даде промени во хемикалиите во телото кои водат до болка и несоница.
Кога човек е болен се грижи за здравјето и може да стане аксиозен, депресивен или неактивен. Овие емоционални фактори може да ги влошат симптомите и да ја влошат фибромијалгијата.
Ризик фактори – пол (жжени), фамилијарна историја, други болести (остеоартритис, ревматоиден артритис, лупус).
Симптоми
Главен карактеристичен симптом е болка, досадна болка која трае најмалку три месеци, на двете страни на телото, над и под половината. Се чувствува во различнии мускули и меки ткива. Може да е блага до интензивна и нелагодна. Резултат е на абнормален одговор на нервниот систем. Телото прекумерно реагира на нешшта кои вообичаено не треба да биидат болни.
Другите симптоми се често во врска со болката – пореметено спиење (синдром на немирни нозе, слип апнеа, спиење долго време вбез да се чуствува одмор потоа), депресија, замор, главоболка, промена на дијареа и запек, слабост, потешкотии со помнењето (фибро магла, мозочна магла, намалена можност за фокусирање, внимание и ментални задачи, помнење, проблем со будноста), вртоглавица, вкочанетост и трпки во шаките и стопалата, зголемена осетливост на светло, мириси и звуци. Синдром на иритабилно црево, интерстицијален циститит, болен синдром на уровезика, суви очи.
Постојат “региони на болка” или “точки на активирање” или “точки на осетливост.” Заден дел од главата, врвови на раменици, горен дел од градите, колкови, колена, надворешен дел на лакти.
Многустрана болка – 4-5 точки.
Зошто боли? – се смета дека повторувачка стимулација на нервите предизвикува промена во мозокот на лицата со фибромијалгија. Оваа промена значи хемиска неравнотежа, абнормално зголемени нивоа на одредени хемикалии во мозокот (неуротрансмитери) кои сигнализираат болка. Рецепторите на болка во мозокот изгледа развиваат одреден вид на меморија на болката и стануваат посензитивни, што значи дека можат претерано да реагираат на болните сигнали.
Мозокот и нервите погрешно интерпретираат или претерано реагираат на нормални болни сигнали.
Фибромијалгијата исто така може да ги афектира емоциите и нивото на енергија.
Дијагноза
Врз основа на комбинација на фактори – и мал притисок на одредени точки дава абнормална сензитивност.
Третман – промени во животнит стил, вежби, техники за релаксација кои ослободуваат од мускулната тензија и го редуцираат стресот, лекови за болка и сон. Без вежбање симптомите се влошуваат, брзо одење, велосипед, пливање, аеробични вежби.
Често погрешно е дијагностицирана поради симптомите кои имитираат други болести и нема одредени тестови.