Др Елена Арсова, менаџер на Hair Clinic Beograd
(www.hairclinicbalkan.com)
Што е трансплантација на коса?
Во едноставна дефиниција, трансплантацијата на коса е пресадување (пренесување) на влакнени фоликули од еден дел на скалпот на друг дел на скалпот каде пациентот има потреба од нив. Користиме влакнени фоликули кои се резистентни (отпорни) на дејството на дихидротестостеронот кој предизвикува опаѓање на косата.
Наука,уметност и техника во трансплантацијата на коса…Кои се критериумите за успешна трансплантација на коса?
Има неколку битни аспекти во хирургијата на коса, но најбитни се медицинското знаење и искуството и вештините на хирургот во неговата работа. Третиот аспект е естетиката. Пресадувањето на коса бара естетски пристап па медицинско знаење, хируршко искуство и вештини во донесувањето естетски одлуки ја прават трансплантацијата на коса еден вид на уметност.
Дали трансплантацијата на коса дава трајни резултати?
Секако, мора да дава трајни резултати инаку би било бесмислено да се прави трансплантација на коса. Како што спомнав претходно, користиме фоликули кои се отпорни на опаѓање, па поради тоа резултатите од трансплантацијата на коса ќе бидат трајни.
Кој дел од скалпот се користи како донорска регија?
Генерално се користи задниот дел од скалпот. Тоа е делот меѓу ушите, кој е најгустиот дел на скалпот и го користиме како донорска регија. Фоликулите кои припаѓаат на тој дел од скалпот се отпорни на паѓање.
Што всушност се пресадува во трансплантацијата на коса – влакна или влакнени фоликули?
Не пресадуваме влакна туку влакнени фоликули. А влакнените фоликули вообичаено содржат повеќе влакна. Некои фоликули имаат едно влакно, некои имаат две, некои по три влакна. Секогаш ги пресадуваме влакнените фоликули, не поединечни влакна.
Што значат броевите што се споменуваат при трансплантацијата на коса?
Кога ќе му кажеме на пациентот дека ќе му пресадиме 3.000 графтови тоа значи 6.000-8.000 влакна затоа што фоликулот не содржи едно влакно. Можеби два пати или два и пол пати повеќе влакна во однос на бројот на графтови.
На кој начин се земаат влакнените фоликули за трансплантација на коса?
Постојат две основни методи на операција на коса, едниот го викаме нов метод, а другиот пациентите вообичаено го викаат стар метод. Новиот е ФУЕ метод кога екстрахираме (вадиме) фоликули еден по еден од задниот дел на скалпот и потоа ги имплантираме (засадуваме) исто така еден по еден. Овој метод има некои предности затоа што ја искористуваме донорската регија многу ефективно и резултатите се природни, а постоперативниот период е многу комфорен за пациентите.
Другиот метод е ФУТ метод, кога вадиме парче кожа од задниот дел на скалпот и го сутурираме (зашиваме). Тоа остава трајна лузна на скалпот на пациентот. Поради тоа пациентите не ја сакаат оваа метода но некогаш мора да ја користиме.
Кој метод го преферирате Вие?
Јас го преферирам ФУЕ методот и го користам кај 90% од пациентите.
Кој може да биде кандидат за трансплантација на коса?
Секој кој има добра донорска регија и реални очекувања е кандидат за пресадување на коса. И секако мора да има опаѓање на косата почнувајќи од мало опаѓање па до голем степен на проретчување. Но ако очекувањата на пациентите се реални и тоа што можеме да му го пружиме на пациентот се совпаѓа со неговите очекувања, тогаш пациентот ќе биде многу задоволен од резултатот и операцијата.
Како се одвива периодот на рехабилитација после трансплантацијата на коса?
Рехабилитацијата на пациентот можеме да кажеме дека е 10 дена иако може да се врати на својот нормален живот веднаш после операцијата. Пациентите можат да прават се нормално, но во следните 10 дена ќе имаат црвени точки и мали лушпи на скалпот. Но тие постепено ќе исчезнуваат и после 10 дена кожата ќе изгледа нормално па никој не може да препознае дека сте имале пресадување на коса.
Кога ќе почне косата да расте после операцијата?
Постои период на мирување после операцијата кој трае 3 месеци. Во тие 3 месеци пациентите не гледаат никаква промена. Но почнувајќи од третиот месец почнува да се забележува зголемена густина на косата. 30% од графотвите ќе се забележат после третиот месец а 100% се добиваат после една година од трансплантацијата на коса. Па можеме да кажеме дека крајните резултати ги добиваме на крајот од првата година кога правиме и контрола.
Колку долго трае операцијата на коса?
Зависи од хирургот и од пациентот. Трае подолго, 6-8 часа, но секогаш имаме мали паузи за пациентот. Операцијата ја правиме со локална анестезија и пациентот секогаш е буден, па слуша музика, гледа телевизија, разговараме со него. Дури пациентот може да спие во тек на операцијата.
Дали можеме да кажеме дека после операцијата се добива природен изглед на косата?
Да, можеме да кажеме и мораме да кажеме. Може да се постигнат природни резултати ако се одбираат правилни методи, ако се аранжираат правилно фоликулите, ако се испланира нивната диструбуција и ангулација и особено важно ако се направи природна фронтална линија.
Сите овие одлуки и избори се донесуваат од страна на хирургот . И ако вашиот хирург е доволно искусен ќе добиете добар резултат од трансплантацијата на коса и 100% природен изглед.