Д-р Елена Арсова, менаџер на Hair Clinic Beograd (www.hairclinicbalkan.com)
Нормално е да ви паѓаат по 100 влакна дневно при чешлање, на перница или при миење коса. Тоа е резултат на нормалниот циклус на раст. Влакното расте неколку години (анагена фаза), потоа мирува неколку месеци, па испаѓа (телогена фаза) и повторно расте. Нормално околу 10-15% од косата во било кој момент е во фаза на опаѓање.
Меѓутоа, ако се јави некој „шок на системот“, може дури 70% од косата да влезе во фаза на опаѓање (телогена фаза) и да паѓа во преиод од 2 месеци после „шокот“. Оваа состојба се нарекува телоген ефлувиум.
Постојат голем број причини за телоген ефлувиум. Меѓу најчестите причини се висока температура, породување, тешки инфекции, тешки хронични заболувања, сериозен физиолошки стрес, голем оперативен зафат, намалена или зголемена функција на штитна жлезда, строги диети со слаб протеински внес и различни медикаменти (како ретиноиди, бета блокатори, антидепресиви и нестероидни антиифламаторни лекови).
Типично, се забележува интензивно опаѓање на косата неколку недели или неколку месеци откако факторот делувал на биолошката програма за опаѓање на косата. Огромен број влакна паѓаат обично при миење, чешлање, па дури и при нежно повлекување на косата. Опаѓањето може да се намали спонтано после 6-8 месеци откако причината за губење на косата е отстранета. Многу често косата сама по себе се обновува.
Најзначајно кај телоген ефлувиум е да се открие причината поради која почнало опаѓањето. Особено значајно е да се прегледа дали нормалната регенерација на косата почнала и квалитетот на новоизраснатата коса е нормален.
Најдобро е кога ќе забележите енормно опаѓање на косата да се обратите кај доктори –трихолози кои ќе ви дадат совет што да преземете и ќе го следат вашиот случај.