Д-р Искра Петровска Шешова
Специјалист дерматовенеролог
Дерматолошко естетска ординација „Д–р Искра“
Често пати постои сомневање и се прашуваме што е најдобро да користиме за нега на нашата кожа.
Затоа е многу важно да се консултираме со нашиот дерматолог што е најдобро за нега на нашата кожа и тоа посебно за производите кои се препорачуваат против стареење.
Неколку корисни совети
Витаминот Ц е еден од најсилните антиоксиданти – дејствува на чистење од слободни радикали и го забавува процесот на фотостареење. Се препорачува да се користи после 25 год.
Хијалуронска киселина која е природна супстанција и има најголема моќ да и дава влажност и свежина на кожата и да ги забрзува процесите на настанување на нов колаген и еластин.
Колаген и еластин ја подобруваат еластичноста на кожата, дејствуваат на подобрување на нејзината структура и се чести составни делови на производите против стареење.
Алфа Хидрокси киселини се чест составен дел во антиејџинг производите. Тие превенираат во појава на првите знаци на стареење. Дејствуваат на регенеративните процеси на кожата имаат антивоспалително и антиоксидативно дејство.
Бета- Хидрокси киселини (салицилна киселина ) ја подобрува структурата на кожата и одлично дејствува на кожа која е оштетена од сонце, акнеична кожа и кај лузни од акни.
Пептиди имат јака регенеративна моќ и го овозможуваат создавањето на нов колаген и еластин и ја ревитализира и дејствува на забрзување на регенеративните процеси на кожата.
Ретинол (Витамин А) јак антиоксидант, чисти од слободни радикали и ги забрзува процесите на обновување на кожата.
Витамин Е –антиоксидативно дејство кое е иделно решение за чистење на кожата од слободни радикали .
Млечна киселина има силна моќ за отстранување на мртвите површински клетки од кожата и нејзина обнова. Најчесто се користи во случај ако не може да се користи гликолна киселина (ако кожата е преосетлива на неа).
Којична киселина и Хидрокинон – се одлични избелувачи и претставуваат идеално решение за пигменти дамки.