Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Зегин Интермедик
Болестите на циркулаторниот систем се убиец број еден. Примарната причина за срцев и мозочен удар е постепено запушување, стврдување и оштетување на внатрешните зидови на крвните садови.
Главни предупредувачки знаци и симптоми за срцева болест вклучуваат:
– болка или дискомфорт во градите
– болка или непријатност во горниот дел од телото, во рацете, грбот, вратот, вилицата или горен дел од стомакот
– скратен здив
– гадење, зашеметеност, ладна пот
Срцевата болест може да се превенира со следење на здрав начин на живот:
– здрава исхрана – целосна храна, внес на разнобојно овошје и зеленчук кои содржат важни микронутриенти за борба против болести. Јадете мешунки, јаткасти плодови, семки, авокадо, цели зрна и малку посно месо. Намалете или избегнувајте преработена храна која содржи многу шеќери, сол, штетни транс масти и вештачки хемикалии.
– избегнувајте шеќер – одржувајте здраво ниво на гликемија во крвта
– ограничете го алкохолот – го зголемува крвниот притисок, додава непотребни калории во исхраната
– прекин на пушење – пушењето е еден од најзначајните ризик фактори за оштетување на крвните садови
– движете се – редовната физичка активност е неопходна за здраво срце. Помага за одржување на здрава тежина. Телесната тежина е ризик фактор за срцеви болести, дијабетес, висок крвен притисок.
– одржувајте нормален крвен притисок
– проверете ги холестеролот и триглицеридите
– најдете време за опуштање – прошетка во природа, медитација, вежби за дишење. Невозможно е да се елиминира целиот стрес од нашите животи, но хронично изложување на “стрес хормонот” кортизол прави многу штета на здравјето.
– грижете се за здравјето на забите – луѓето со парадонталната болест имаат поголема верјатност да имаат срцеви заболувања
– правете редовни здравствени прегледи