Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Зегин Интермедика
Стресот, акутниот и хроничниот, може да води до нагло дебелеење. Кортизолот, хормонот на стресот, го стимулира метаболизмот на мастите и шеќерите, создавајќи многу енергија во телото. Предизвикува зголемен апетит и желба за слатко, масна и солена храна, висококалорична храна за утеха. Несоницата и заморот помогаат за дебелеење.
Хипотиреоза – штитната жлезда не лачи доволно хормони важни за метаболизмот. Термогенезата се намалува (помалку се горат масти за енергија), метаболизмот се успорува и има задршка на сол и вода.
Инсулинската резистенција е честа при хипотироидизам. Тироидните хормони влијаат и на кортизолот кој води до прејадување и пораст на тежината.
Синдром на полицистични јајници (ПЦОС) – овариумите продуцираат високо ниво на хормони андрогени. Хормоналното пореметување е причина за нерегуларни менструации, непредвидлива овулација, прескокунување на циклуси, неплодност, акни, вланетост и дебелеење. Се менува метаболизмот, се јавува инсулинска резистенција (ИР), се акумулира масно ткиво, се зголемува чувството на глад. Индексот на телесна маса се зголемува, слабеењете е потешко.
Инсулинска резистенција – инсулинот помага телото да ја процесира глукозата и да ја искористи за енергија. ИР значи дека телото не го процесира инсулинот соодветно водејќи до високо ниво на глукоза во крвта. Телотото почнува да го складира вишокот глукоза како маст, сé што се јаде се складира како масти на стомакот. Обезноста допринесува за ИР која може да води до дијабетес.
Менопауза – природен процес на стареење кај жените. Хормоналната нерамнотежа, намалување на естрогените, води до дебелеење околу половината ако исхраната остане иста, а физичката активност се намали. Губитокот на мускулна маса поврзан со годините води до помал калориски губиток; масното ткиво троши помалку енергија отколку мускулите.
Помалку сон – сонот е клучен за одржување на здрава телесна тежина, главен ризик фактор е за пораст на тежината. Недостатокот на сон може да ја наруши хормоналната рамнотежа, особено хормоните кои го регулираат апетитот и метаболизмот. Грелинот (стимулира чувство на глад, го зголемува апетитот, се произведува со стомакот и му сигнализира на мозокот дека сме гладни) расте кога не сме спиени. Лептинот (сигнализира ситост, го намалува апетитот, се произведува од масните клетки, делува на специфични центри во мозокот да се намали нагонот за јадење) опаѓа. Нерамнотежата со тек на време води до прејадување и дебелеење.
Недостаток на сон
– го зголемува афинитетот за храна богата со калории, масти и шеќери
– води до намалена физичката активност. замор и помала мотивација за вежбање
Антидепресиви и стероиди – не сите антидепресиви и не кај сите особи. Предизвикуваат желба за храна богата со јаглехидрати како леб, тестенини, благи. Не се знае точниот механмизам, но може да го зголемуваат апетитот и способноста да се чувствуваме сити.
Стероидите зголемуваат задршка на вода и масно ткиво.
Кушингов синдром – ретка болест предизвикана од прекумерно лачење на кортизол или земање на лекови, кортискостероиди. Висок кортизолот води до дебелеење, особено на лицето (тркалезно лице), рамениците, вратот и трупот, рацете и нозете остануваат тенки.
Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Зегин Интермедик