ВАША ОРДИНАЦИЈА: Рехабилитацијa на кожата после празниците

by Тони Зографски

д-р Екатерина Јурукоски, дерматолог и специјалист за естетска медицина

 

Во ерата на здрав живот и здрава исхрана најголем дел од нас ја поминуват новогодишната ноќ традиционално: со непроспиени ноќи, прекумерно јaдење и пиење алкохол. Како овие фактори делуваат на кожата и како можеме да го намалиме нивното влијание но и да ја рехабилитираме кожата.

1.Алкохол ја дехидрира кожата што резултира со поjавување на чувство како затегнатост, дискомфор, лупење и намалување на еластичност.

Совет:  пиење повеќе течности како вода и чаеви врз база на билки ќе ви обезбедат хидробаланс. Не заборавајте да jа тонизирате кожата со  термална вода секои три часа.

2.Подочњaци и кеси под очите  како последици од задршка на течност и намалување на микроциркулација.

Совет: Користете специјални облоги за очите 15 минути пред спиење, богати со пептиди, колаген и витамин Ц. Да избегнете отоци наутро значајно е да нанесете крема на 1 еден час пред спиење. Направете и компресии со термална вода: ставете на памук термалната вода, изладете ја во фрижидерот неколку минути и ставете  ги компресиите врз очите. Ладното ги стимулира крвните садови и го намалува отокот.

3.Оток и брчки по спиењето од перницата се појaвуват од консумирање премногу солена и мрсна храна или алергијa на алкохол.

Совет: Направете еден убав пилинг за лицето, изберете серуми со ефект на лифтинг што ќе ви направат убава контура на лицето. Блага масажа со крема ќе ви ја врати циркулацијaта и свежиот тен.

4.Нерамномерна боја на лицето  од неспиење и стрес. Дополнете ја вашата нега со маски врз база на глината. Глината ги апсорбира токсините.

5.Осип  и црвенило се ште едни последици од прекумерно јaдење. Ставете акцент во вашата исхрана на протеини, повеќе овошје и зеленчук. Не заборавајте на вадењето на шминката и секој пат чистете ја кожата со гел, мус или пена за миење соодветна за вашиот тип на кожа. Потоа направете тонизацијaта и хидратацијa cо кремата. Еднаш неделно маска со алги ќе направи убава детоксификацијa на кожата.

останати вести