Др Елена Арсова, менаџер на Hair Clinic Beograd
(www.hairclinicbalkan.com)
ПРП со својата автологна резерва од милиони фактори на раст делувајќи на повеќе нивоа претставува вистински „еликсир“ за раст на косата и подобрување на целокупната состојба на косата.
ПРП е едноставен, рационален и практичен метод на третман со високо ниво на задоволство кај пациентите и може да се смета за вредна комплементарна опција на третман кај наследно опаѓање и други форми на нецикатрициелни алопеции.
ПРП содржи бројни фактори кои даваат сигнали на различни таргет матични клетки, да се регенерираат, што значи дека играат многу важна улога во механизмот на репарација на ткивото, подобрување на заздравувањето на ткивото и регенерација на различни нивоа.
ПРП содржи повеќе од 20 фактори на раст, како фактор на раст со потекло од тромобоцитите (PDGF), васкуларен еднотелијален фактор на раст (VEGF), и трансформирачки фактор на раст (TGF-β1). Овие фактори ја регулираат миграцијата на клетките, пролиферацијата, ремоделирањето на екстрацелуларниот матрикс и ја промовираат ангиогенезата, создавајќи поволна средина за подобрено заздравување.
ПРП со нејзините фактори на раст делува на различни нивоа на фоликулот. Не само што делува на стимулација на фоликулот, неоваскуларизација, формирање на нов фоликул и зајакнување на влакното туку исто така делува на редуцирање на губитокот на косата, продолжување на фазата на раст и враќање наназад на процесот на минијатуризација. Како резултат на бројните фактори на раст, ПРП обезбедува комплетна регенерација и рејувенација на влакното.