Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Зегин Интермедика
Поленската треска или алергискиот ринитис е честа состојба во тек на пролет, кога дрвата и тревите почнуваат да испуштаат полен во воздухот. Кога ќе се вдише поленот, тој може да предизвика алергии.
Кај сезонските алергии симптомите се јавуваат во пролет, лето или есен; предизвкани се од полен или спори на мувла.
Алергија се јавува кога имунолошкиот систем претерано реагира на инаку безопасна супстанција позната како алерген. Кога лицето има алергија, телото произведува антитела кои патуваат до клетките кои ослободуваат хемикалии кои ги предизвикуваат симптомите.
Хистаминот предизвикува оток во носот и очите во обид да ги спречи алергените да влезат во телото. Со кивањето се отстрануваат алергените од носот.
Растенијата произведуваат ситни зрна полен за репродукција. Ширењето на поленот може да е со инсекти или со ветер. Алергиските реакции на полен се јавуваат поради негово ширење преку ветер. Различни растенија и дрва испуштаат полен во различни периоди од годината.
Причинители за алергија на полен се:
– дрва, во рана пролет
– треви, доцна пролет и лето
– плевели, на крајот на летото
– габи и спори на мувла, почести на топло време
Временските промени влијаат на количината на полен која се испушта. Топлите денови го зголемуваат растот и оплодувањето на растенијата, дождливите денови го намалуваат ширењето на поленот. Ветерот помага поленот побрзо да се шири.
Други предизвикувачи: влакна или првут од домашни миленици, грини од прашина, мувла, прашина од лебарки. Иританси кои може да доведат до смптоми на поленска треска: чад од цигари, парфеми, издувни гасови од дизел. Симптомите се јавуваат во текот на целата година.
Ако количината на полен е висока, симптомите се потешки:
– црвени и насолзени очи
– кивање
– течење на носот
– чешање во очите, носот, ушите, непцето и грлото
– затнат нос поради конгестија
– подуени очи
– чувство дека се слева слуз постназално, по задниот дел на грлото
– исип
– главоболка, замор, раздразливост, несоница
Превенција – избегнување, елиминирање или намалување на изложеноста на алергенот:
– ограничено време поминато надвор кога нивото на полен е високо
– маска, капа, очила за сонце
– затворете ги прозорите
– миење на лице и коса за да се отстрани поленот
– менување и перење на облеката по престој на отворено
– извадете ги чевлите пред да влезете во домот
– правосмукање на подовите
Третман:
– антихистаминици, ги убажуваат симптомите: чешање на очи и нос, течење на нос и кивање
– назални кортикостероиди, намалуваат восаление
– деконгестиви, намалуваат оток на слузницата на носот
– леукотриенски рецептори, блокираат дејство на одредени хемикалии вклучени во алергиските реакции
– капки за очи, краткотрајно олеснување на црвенилото, чешањето и отокот
Имунотерапија – долгорочно решение со цел десензибилизација, помага да се изгради отпорност на алергенот.
Домашни лекови
– вдишување на переа помага да се отворат и смират синусите
– плакнење со физиолошки раствор помага при затнат нос, ја разредува слузта
– топла или ладна облога на лице го ублажува чешањето на очите