Д-р Елена Арсова, менаџер на Hair Clinic Beograd (www.hairclinicbalkan.com)
Вежбањето го одржува телото и косата здрави, но доколку не претерувате. Интензивни тренинзи без внимание на исхраната или претерано вежбање може да води до проблеми кои ќе предизвикаат опаѓање на косата. Други фактори врзани со тренинзите исто така може да предизвикаат опаѓање на коса, како земање стероди за да се подобри физичкиот капацитет или недостаок на правилна нега на косата, како и оставање на хлорирана вода на косата после пливање или дозволување да се наталожи пот и нечистотии на скалпот предолго време.
Редовно вежбање може да превенира одредени форми на губиток на косата затоа што го поттикнува општото здравје како и циркулацијата. Состојбата на косата е често одраз на целокупното здравје на телото. Вежбање, добра исхрана, добро спиење, доволно вода и намалување на стресот помагаат во подобрување на здравјето на косата и скалпот.
Но, претерано вежбање во тек на долг период, го става телото во состојба на хроничен стрес. Хроничен стрес е една од честите причини за телоген ефлувиум (ТЕ), состојба во коjа фоликулите прерано преминуваат во фаза на опаѓање и прекинуваат да растат. Слаба исхрана е друга значајна причина за ТЕ, кој се манифестира како генерализирано ослабнување на косата. Но опаѓањето не е рамномерно, и некои делови на скалпот имаат поголемо опаѓање од други.
Женските атлети имаат поголем ризик од анемија врзана со недостаток на железо, што може да предизвика опаѓање на косата. Понекогаш дури може да се јави опаѓање во кружни полиња, од тип на алопеција ареата.
Личностите кои користат анаболни стероиди за да ги подобрат интензитетот или ефективноста на нивните тренизни, може исто така да ја губат косата. Овие стероиди се слични на тестостерон, кој преку својот метаболит ДХТ, е главен фактор за опаѓање на косата.
Наслаги од пот после тренинг, може да предизивкаат опаѓање на косата или само да ја оштетат косата и да ја направат сува и безживотна. Но може да се превенира ова оштетување од потта преку конрола на наталожувањето и преку хидратација. Контролата на наслагите се обезбедува преку миење на косата со шампон кој е благ и Пх балансиран, барем еднаш неделно. Исто така една неделно хидрирајте ја косата со кондиционер за скалп богат со протеинин. Ограничете користење на топли апарати како фенови кои ја оштетуваат косата.
Пливање во хлорирани базени, може да ја исуши косата и да ја направи кршлива. Тоа е последица на високите нивоа на хемикалии како хлор, во базените, заради одржување на јавно здравје. Еден од најдобрите начини да ја заштитите косата е прво да ја намокрите со нехлорирана рода за косата да впие нормална вода пред да влезете во базен. Носење капа исто така е значајно. Но потребни е миење и кондиционирање на косата и после пливањето во базен.