Д-р Елена Арсова, менаџер на Hair Clinic Beograd (www.hairclinicbalkan.com)
Д-р Елена, зошто мажите се заинтересирани за пресадување брада?
-Мажите чувствуваат дека косата и брадата им се значајни аспекти на нивниот естетски интегритет и самодоверба. Густата брада и коса се знак на мажественост и потенција па дури и чувство на моќ. Но исто така и трендовите почнувајќи некаде од 2011 година налагаат носење брада. Хипстерскиот изглед е прилично застапен во последните години а брадата е неизбежен детал. Но и Моевмври како кампања за машкото здравје исто така имаше релативно влијание.
Што значи трансплантација на брада, мустаќи и бакенбарди?
-Трансплантација на брада и мустаќи претставува дермална екстракција (вадење) на влакнени фоликули од задниот, окципиталниот дел на скалпот меѓу ушите, и дермална имплантација на овие фоликули во проретчениот дел на брадата, мустаќите.
Кој е кандидат за трансплантација на брада или мустаќи?
-Секоја личност која има доволно влакнени фоликули во донорската зона, задниот дел на скалпот помеѓу ушите, може да има трансплантација на брада-мустаќи. Мажи кои имаат зони без влакна во регијата на брадата и мустаќите или кои имаат ретка брада може да имаат трансплантација. Освен од естетски причини, трансплантација на брада може да се изведе и кај мажи кои имаат лузни на лицето како резултат на акни, опекотини, инцизии, со цел да се покријат тие лузни.
А пресадување веѓи? Кој е заинтересиран за оваа интервенција?
-Личностите кои имаат тенки веѓи поради медицински причини хипотироидизам, лузни, опекотини или предолго корнење на веѓите или се незадоволни од нивната форма, можат да имаат трансплантација на веѓи.
За жените формата на веѓите е многу битна за целокупниот изглед на лицето и очите и се прилично доминантна карактеристика на лицето. Ако очите се огледало на душата , веѓите се нивна рамка. А жените посветуваат многу време на негата и обликувањето на веѓите.
И повторно трендовите наметнуваат различна форма и густина на веѓите. Ако порано ги истенчувавме веѓите , сега сакаме да ги носиме погусти.
Откако се појави ФУЕ методата на екстракција на фоликули се отвори можноста за трансплантација на веѓи кои жените навистина ја користат за да го добијат посакуваната густина и форма на веѓи.
Што значи пресадување веѓи? Како се изведува?
-Пресадување на веѓи се состои од дермална екстрација на влакнени фоликули-кои се генетски отпорни на ослабнување-лоцирани во задниот дел на скалпот меѓу ушите,и дермална трансплантација на тие фоликули на проретчениот дел од веѓите.
Каква процедура е ФУЕ трансплантација на веѓи?
-Во тек на консултацијата со пациентот пред операција, се одредува формата на веѓите. Операцијата на трансплантација се спроведува под локална анестезија и пациентот е буден во тек на операцијата. Пациентот може да се врати на секојдневните животни обврски веднаш после процедурата која трае 1-2 саати. Во следните неколку дена постои благо црвенило и лушпи во реципиентното место кое ќе заздрави за 5-7 дена. Растот на веѓите е постепен процес. Почнуваат да растат во првиот месец после трансплантацијата а целосно израснуваат за 6-8 месеци.
Кои аспекти треба да се земат во предвид кај ФУЕ трансплантацијата на веѓи?
-Изборот на влакнените фоликули за трансплантација на веѓи е многу значаен за крајниот резултат да биде природен изглед. ФУЕ техниката единствено овозможува да се трансплантираат графтови кои се фини, нежни и содржат по едно влакно . Екстрахираните фоликули внимателно се инсертираат во микроканали кои се подготвени со голема грижа за да не останат лузни. Каналчињата за инсерција се распоредени соодветно на формата на веѓите а влакнените фоликули се имплантираат согласно на ориентацијата на постоечките влакна на веѓите и нивната ангулацијата према кожата. Само искусен хирург може да обезбеди оптимален краен резултат.
Колку фоликули се трансплантираат при трансплантацијата на веѓи?
-Бројот на фоликули кои се трансплантираат зависи од степенот на проретчување на веѓите и од реципиентното место одредено од пациентот. Во просек 500-700 фоликули се пресадуваат.
Дали трансплантцијата на веѓи и брада дава трајни резултати?
-Да, влакната кои растат после трансплантацијата се трајни. Тие продолжуваат да растат доживотно и не се разликуваат од влакната на природната брада и веѓи.