Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Во праксата се случува да се препишуваат лекови или дијагностички тестови повеќе или почесто отколку што е потребно.
Иако не постои конкретна дефиниција полифармација се однесува на употреба на повеќе лекови, на пациентот му се препишани и зема повеќе лекови за повеќе состојби со можност да не се сите медицински неопходни. Нумеричката дефиниција се однесува на рутинска употреба на пет или повеќе лекови на ден. Ова вклучува лекови на рецепт, лекови за кои не е потребен рецепт и/или традиционални и комплементарни лекови кои ги користи пациентот.
Земениот лек може да носи ризик (штетна реакција со храна или пијалок, алергиска реакција, несаккани споредни ефекти, да не делува како што се очекувало) и придобивки (ослободување од болка лекување на инфекција). Но што се случува кога бројот на лекови што се земаат на ден се зголемува, на пет или повеќе?
Предизвици со кои се соочуваат пациентите:
– сложена шема на дозирање
– конфузија со упатствата за лековите, нивните несакани ефекти и реакции
– висока цена на чинење, зголемени трошоци на самите пациенти и на здравствениот ситем
– честота на купување, снабдување
Ризици:
– зголемена можност за (прекумерни) несакани ефекти на лекот, најзначаен ризик. Пациентите кои земаат пет или повеќе лекови имаат 88% зголемен ризик од несакани ефекти.
– зголемен ризик од несакани интеракции меѓу лековите
– проблем кон придржување кон лековите кога се земаат повеќе лекови, се зголемува веројатноста дека пациентот нема да се придржува кон пропишаната терапија, самоиницијативно да ги скока лековите затоа што се многу (поради цената) или не ја разбира целта на сите тие лекови.
Други здравствени ризици:
– намален ефект на лекот поради метаболизмот на друг лек
– каскадно препишување – кога има знаци и симптоми на несакани ефекти од првиот лек и тоа се смета за нова состојба и се препуишува нов лек
– намалување на когнитивните способности
– паѓања и фрактури
– неможност за ефикасно метаболирање и излачување на повеќе лекови поради промени во функцијата на црниот дроб и бубрезите
– сува уста
– неухранетост
Интелигентна полифармација – повеќе лекови треба да се препишуваат само кога се знае дека овие лекови можат да ја третираат болеста преку различни патишта. Придобивките од овие лекови треба да се поголеми од несаканите ефекти.
Основно е да се води грижа да изборот на лекови биде специфичен за пациентот и неговата состојба. Разбирањето на вредноста на секој лек поединечно и улогата што тој ја има во реализација на целите за здравјето и балгосостојбата треба да е од повисок приоритет кога треба да се донесе одлука за препишување на (повеќе) лекови.