Д-р Елена Арсова, менаџер на Hair Clinic Beograd (www.hairclinicbalkan.com)
Опаѓањето на коса е природен процес во тек на кој губиме меѓу 50 и 100 влакна дневно, кои веднаш се заменуваат со нови влакна, затоа што животниот циклус им трае 2-4 години. Сепак, голем број на жени се соочува со значително поголем губиток на коса, поради што се обративме на др Елена Арсова, трихолог и сопственик на (www.hairclinicbalkan.com) да ни објасни кои се најчестите причини за овој проблем, но и кои решенија се најефикасни.
На самиот почеток ни објасни дека сигурни знаци за патолошко опаѓање на косата се следните : кога косата опаѓа во снопови, особено која ја чешлате или миете косата; кога волуменот се намалува и не можете да направите фризура; кога приметувате истенчување на косата на големи површини на скалпот; кога ќе видите печати без коса…Сите овие се сигурни знаци дека е време да се обратите на трихолог за да ви постави дијагноза http://hairclinicbalkan.com/mk/treatments/%d0%b2%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%be%d0%b4%d0%b5%d1%80%d0%bc%d0%be%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d1%81%d0%b0-%d0%b8-%d1%81%d0%ba%d0%b0%d0%bb%d0%bf/ )
и да ви испланира терапија, која ќе го стопира опаѓањето на косата и ќе ја врати изгубената коса.
НАЈЧЕСТИ ПРИЧИНИ ЗА ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА КАЈ ЖЕНИ
Др Елена Арсова, објаснува дека постојат многу причини, но најчести се следните :
1. Дисбаланс во штитните хормони се честа причина за губење на косата. И премногу и премалку штитни хормони може да провоцираат губење на косата бидејќи го пореметуваат циклусот на раст на косата.
2. Синдром на полицистични јајници ( ПЦОС ) е состојба кај жените, кога телото произведува повеќе машки полови хормони отколку вообичаено. Машките хормони се врзуваат за генетски осетливите фоликули на влакното и делуваат како тригер фактор за појава на женска наследна ќелавост.
3. Автоимуна рекација на телото, понекогаш може да го нападне фоликулот на влакноро и да предизвика прекин на функцијата на коренор. Поради тоа настанува нагло опаѓање на косата во кружни печати секаде на главата, познато како алопеција ареата.
4. Идните мајки се многу среќни во тек на бременоста бидејќи косата е погуста и пополна од порано. Но разочарувањето настапува после породување, кога ќе се јави нагло опаѓање на косата. Тоа е последица на наглото снижување на естрогените хормони после породување.
5. Различни видови на лекови можат исто така да влијаат на опаѓањето на косата, како лекови за висок притисок и срцеви заболувања, за артритис, антикоагулантна терапија, антидепресиви итн. Истоо така опаѓање на косата може да се јави при почнување или прекинување на контрацептивни таблети.
6. Нутритивни недостатоци од протеини и витамини после нагли диети исто така можат да бидат причина за опашање на косата. Ако изгубите 7 или повеќе килограми многу брзо, можете исто толку брзо да ја изгубите и косата во рок од неколку месеци.
7. Силно затегната коса или пунџа, екстензии, марами, бандани, плетеници…ја влечат косата и водат до губиток на косата кој се нарекува тракциона алопеција. Долгорочна, константна тензија го отерерува скалпот и фоликулот што резултира со опаѓање на косата.
8. Екстремен физички и емоционален стрес може да биде тригер за опаѓање на косата кај жени, кое се нарекува телоген ефлувиум. Овој тип на опаѓање се јавува исто така и поради сериозно заболување или повреди, големи операции, лоша исхрана, менопауза …
9. Габично заболување на скалпот се манифестира со губење на косата во печати. Габичките предизвикуваат губење на косата преку зголемување на кршливоста на влакното.