Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Зегин Интермедика
Полипите на жолчното кесе се израстоци на ткиво кои се јавуваат на внатрешната обвивка на жолчното кесе. Околу 4-7% од возрасните може да развијат полипи на жолчката.
Безопасни се, но може да се знак за друга сотсојба на жочното кесе. Ретко предизвикуваат компликации, како воспаление; околу 5% може да станат канцерогени.
Псевдополипи (60-90%) , холестеролски– не се вистински тумори или израстоци туку депозити на акумулиран холестерол кои се прилепуваат на зидот на жолчното кесе.
Инфламаторни полипи (5-10%) – ткиво на лузна поврзано со хронично воспаление на зидот на жолчното кесе, холециститис.
Аденомиоматоза – абнормален, прекумерен раст на слузокожата на жолчното кесе што формира цисти во зидот. Не се знае зошто се јавува.
Аденоми – бенигни тумори составени од клетки кои личат на на слузницата на билијарниот тракт, 5% може да бидат канцерогени.
Малигни полипи – вообичаено се аденокарциноми.
Симптоми нема, повеќето полипи не предизвикуваат болка. Случајно се откриваат со ехосонографски преглед.
Полип во каналите може да го попречи протокот на жолчката и да предизвика воспаление на зидот, холециститис; воспаление на жолчниот канал, холангитис или на панкреасот, панкреатитис.
Симптоми на воспаление се:
– абдоминална болка
– треска, температура
– гадење и повраќање
– жолтило
Ризик фактори за развој на полипи на жолчно кесе:
– каменчиња во жолчно кесе
– холециститис
– холангитис
– хепатитис Б
– фамилијарна аденоматозна полипоза (ФАП)
– висок холестерол
– возраст над 50 години
Полипите на жолчното кесе не можат сами да исчезнат. За жал, не може со сигурност да се каже дали полипите се канцерогени без претходно да се отстранат. Полипите не може да се отстранат без да се отстрани целосно жолчното кесе, а без жолчно кесе може добро да се живее.Затоа докторите се обидуваат да ја пресметаат веројатноста за рак врз основа на симптомите и фактори на ризик.
Малигните полипи имаат тенденција да бидат поголеми од бенигните; за безбедност обично се препорачува отстранување на полип кој е над 6-10мм или повеќе.
Еден полип обично расте помалку од 2мм годишно. Малигните полипи растат побрзо. Бенигните полипи поверојатно е да се побројни, а малигниот полип има тенденција да биде единечен. Ако брзо се зголемува бројот на полипи веројатно не се малигни но може да укажува на хроничен холециститис.
Полипите се следат со периодични ултразвучни прегледи во смисол на број и тенденција за раст.