Дерматолог, специјалист по естетска медицина д-р Екатерина Јурукоски
Еден од првите знаци на стареење на организмот се појавува на дланките. Ова е поврзано со специфичната анатомиjа во оваа регијa, поголемата механичка оптовареност и негативното надворешно влијание (хемиски средства за домаќинство, УВ зраците, сезонските промени на температура). Без соодветна грижа за кожата на рацете, тие ги издаваат нашите вистинските години.
Како старее кожата на дланките?
Кожата на надворешниот дел на дланката е многу тенка, а и има мала количина потни жлезди. Со тек на годините кожата се истенчува, дехидрира, ја губи својата еластичност. Поради нарушување на микроциркулацијата, кожата јa менува боjата во жолта-сива нијанса, се намалува продукцијата на колаген и еластин и се појавуваат пигментации. Во подлабокиот дел на ткивото пак настанува атрофијa поради која се провидуваат вените и лигаментите.
Дали може да се искоригират старосните промени?
Современата козметологијa нуди бројни методи за корекцијa на старосните промени на кожата на дланките. Од една страна дејството треба да биде насочено во правец на подобрување на квалитетот на надворешниот дел на кожата (професионални козметички третмани, парафинотерапијa, хемиски пилинзи, мезотерапијa, биоревитализација, ласерска и фототерапијa). Од другата страна е многу битно да се пополни волуменот на загубено масно ткиво (липофилинг, користење филери). Сите овие методи можат да бидат применети, како посебно, така и во комбинација.
Кои методи се најдобри
Козметичките третмани може да бидат направени како посебни третмани за нега или како подготвување на кожата пред агресивни третмани но исто така и во вид на третмани за рехабилитацијa.
Во зависност од индикациите може да биде направена серија од хемиски пилинзи (гликолни, ретиноеви, ТСА) кои стимулират природно обновуванье на клетките. Такви третмани ја поттикнуваат кожата на продукција на сопствениот колаген, јa хидрираат, ги избледуват старечките пеги.
Мезотерапијa
Интракожни инфузии во вид на специјални коктели што имаат во состав поливитамини, аминокиселини, пептиди, антиоксиданси и хијалуронска киселина. Мезококтелите ја подобруваат микроциркулацијa и обновувањето на клеточно ниво. Потребни се 6-10 третмани.
Биоревитализација
Инјектирање на немодифицирана хијалуронска киселина во подлабоки делови на кожата веднаш воспоставува хидробаланс, јa ревитализира кожата, го засилува тонусот. Резултатот се гледа по првиот третман.
Волуменско ремоделирање на раце
За пополнување на изгубениот волумен се применуват најчесто филери на база на стабилизирана хијалуронска киселина (молекула на хијалуронска киселина што дава пролонгирано дејствие). Естетскиот резултат се гледа веднаш по третманот и трае до 12 месеци. Специјалистот кој го спроведува третманот треба да биде многу стручен и со големо искуство.
Најоптимални и долготрајни естетски резултати се постигнуват во комбинирана терапијa со неколку методи.