Дерматолог, специјалист по естетска медицина д-р Екатерина Јурукоски
Добар сон е исто како добар козметички третман. Ако посветите внимание на добра ноќна нега, ќе се разбудите со свежо и одморено лице. Во тек на спиење кожата регенерира на молекуларно ниво и старите клетки на кожата се заменуваат со нови.
Но со тек на годините, поточно после 25-тата година, овој процес се забавува и кожата ја губи својата еластичност и колаген. Затоа и е потребна помош од адекватнта ноќна крема.
1.Правете разлика меѓу дневна и ноќна крема
Дневната и ноќната креми имат различна намена.Преку ден на кожата и треба хидратација како и заштита од околното загадување. Ноќното време пак е идеално за потхрануваньето и регенерација. Не треба да правите замена помеѓу ноќната и дневната крема затоа што тие имат различни состојките и функции. Се разликуват меѓу себе дури и по конзистенција. Дневната е лесна и хидрантна, а ноќната густа со збогатени состојки.
Ноќната крема може да има и терапевтско дејство и да има специјална намена за решавање на проблеми како пигментацијa, воспаление, акни, но може и да делува на подобрување на еластичноста на кожата, на измазнување на брчките и потхранување на кожата со корисни микроелементи.
2.Задолжително чистете ја кожата
Извадете ја шминката пред спиење. За добра регенерацијa во тек на спиење кожата мора да биде исчистена.
Основна нега вклучува:
1-Чистење со помош на гел или млеко за чистење.
2-Потоа тонизација (бришење) cо тоникот.
3-Нанесување на кремата.
3.Користите маска за лице
Внесете во вечерната нега дополнителни производи.
Може да јa нанесете маската или да направите лесен ензимскиот пилинг пред туширање па истата ќе делува подолго. Обично е доволно два пати неделно.
4.Нега треба и за целата кожа на телото
Обратете внимание на вратот и деколтето. Никако не заборавајте да нанесете крем за очите.
5.Нанесувајте крема правилно
И дневната и ноќната крема се нанесуваат со масажните движења со лесен притисок. Не треба да ја тегнете кожата. Нанесувањето крема може да се комбинира со лесна масажа. А самата крема се нанесува во минимална количина како е едно зрно грашок.
Каква крема да изберете?
Добра ноќна крема помага на кожата да изгледа здраво и освежено наутро. Многу се значајни состојките и различни состојки различно делуваат.
-Екстракти од билките ја тонизират кожата и го намалуват воспалението.
-Крема со ретинол и дава на кожата еластичност и ја намалува поjавата на брчките.
-Антиоксиданси (витамини Е, Ц и B3) навечер делуваат поефикасно затоа што одат во подлабоките нивоа на кожата.
-Колаген јa враќа еластичноста и структурата на кожата.
-Маслото ја потхранува кожата и јa прави помека.
-Хијалуронската киселина јa хидрира кожата и помага за регенерацијата.
Најдобро е ноќната крема да се комбинира со ноќните маски од истата линија производи што обезбедува уште поинтензивно дејство и подобри резултати. Маската за лице делува додека вие спиете а наутро само треба да јa измиете со вода.
Користење ноќна крема може да се започне во било којa возраст затоа што првите трансформации на кожата се случуват веќе на 20-25 години. Кон 30 години ноќната нега мора да биде задолжителен ритуал.