Д-р Ели Андонова
сопственик на ПЗУ Дорабела естетик
Парадентозата е агресивна прогресивна, болест која го зафаќа потпорниот апарат на забот и резултира со негово соголување, придвижување(миграција) и губење.
Забите во усната празнина се сместени во коска. Тие со околното ткиво се поврзани со крвни садови и врски, а препокриени се со непце(гингива). Колку е поголема должината на коренот со кои се сместени во коската толку тие се поцврсти во усната празнина. Со текот на времето оваа врска слабее, со тоа и се намалува количеството на корен во коската.
Како причинител број еден за оваа промена е пристуството на забен камен во усната празнина кој не е отстранет. Создавањето на забниот камен првично се јавува со појава на дентален плак, наслага на забите која понатаму се организира(прогредира). Иницијално оваа наслага може со добро чистење механички да се отстрани. Ако овој плак остане и се организира со храна, бактерии , соли и минерали од плунката доаѓа до создавање на забен камен.
Забниот камен се организира околу вратот на забите И буквално ги бетонира и оневозможува нормално самочистење на забите. Тој понатаму врши оштетување на потпорниот апарат на два начини. Прво мехнички го иритира непцето(гингивата) и на тој начин ја воспалува и притиска во коската, а воедно е одлично место за талжење на храна и бактерии. Со таложењето доаѓа до создавање на парадонтални џебови кои ги раскинуваат крвно сврзните врски на забот и неговата врска со коската ослабува. Ова е еден константен круг кој што со текот на времето само прогредира(напредува) до крајна(терминална) фаза губење на забот.
Секако како причинител на оваа болест има и други фактори кои ја фаворизираат: генетскиот фактор, обликот на заби, тип на загриз, присуство на стари пломби со остри рабови, неадекватно изработени протетски конструкции, лоши навики, орална хигиена, општи заболувања итн…. Но сепак како главна и основна причина е присуството на дентален плак, односно неговото организирање во забен камен.
Редовното чистење на усната празнина е основна хигиенска мерка со која го продолжувате здравјето на забите и потпорниот апарат. Забот и да е комплетно здрав без кариес, ако ја изгуби потпората во коската ќе испадне.
Парадентозата главно е поделена на два облика. Парадентоза кај возрасни и млади. Парадентозата кај младите се нарекува јувенилна парадентоза и е едена од најагресивните болести. Се јавува нагло, и скоро е невозмозно да се спречи разорувањето на коската, најчесто ваквите пациенти пред 20 година ги губат сите заби. Не се знае која е точната причина поради која се јавува, но скоро е невозможно нејзиното лекување.
Парадентозата кај возрасните е помалку агресивна и пристапот за нејзино лекување може да е конзервативен (со чистење на парадонталните џебови и антибиотска терапија). На тој начин се држи под контола и се спречува нејзиното прогредирање (напредување). Исто така лекувањето може да е и хируршко кога губењето на коската е големо. Тогаш терапија е оперативен зафат и вградување на вештачка коска.
Редовно одете кај вашиот стоматолог, чистете ја усната празнина на секои 6 месеци и инвестирајте во своето здравје. На усната празнина и е потребен сервис за да остане во оптимална состојба како би ја дала правилната функција.