Д-р Милош Станојевиќ, Foot Clinic
dr Miloš Stanojević ( www.footclinic.rs )
- Што е третман со дермални филери на стопала, или „кушанинг“ на стопала?
Третман на инјектирање дермални филери во стопалата е напредна процедура во тек на која специјални хијалуронски филери се применуваат за да ги пополнат перничињата на стопалото и на зглобовите на ножните прсти. Со овој третман се намалува болката од притисокот на стопалата и се намалува претераната сила или триење на стопалата. Всушност, повторно правилно се урамнотежува и прераспределува притисокот на стопалата. Резултатот е пополнување и амортизирање што обезбедува удобност и олеснување при долго стоење и при носење високи потпетици. Но најголемо значење има кај пациенти кои го изгубиле анатомското перниче на долниот дел од стопалта што резултирало со појава на жулеви и курје око.
2 . Кој има бенефит од третманот со дермални филери на стопала ?
Дермалните филери се одлична опција кај личности кои сакаат да носат високи потпетици но тоа самото носење станува екстремно болно, било колку долго тоа траело. Болката потекнува и од губењето на масното перниче кое нормално сите го имаме но и поради формираните жулеви и курје око.
– Дермански филери се одлични за пациенти кои го имаат изгубено масното ткиво кое служи како амортизација на долната страна на стопалото и се во константна болка и дискомфор кога се движат
– Дермални филери се одлични кај прстите како чекан кои стануваат повредени и болни поради притисокот од чевлите
– Дермални филери се ефективни кај болка од курје око
Дермални филери се препорачуваат во услови кога конвенционалните педијатриски методи не успеале да ја намалат болката и е невозможно да се носат влошки поради хигиенски причини или естетски во сандали.
Како се користат дермални филери на стопала?
Филерите внимателно се инјектираат во мали волумени под кожата, каде е потребно да се врати волуменот и структурата на масното перниче. Филерите не ја менуваат формата и изгледот на стопалата, туку само ја враќаат природната анатомска амортизација. Чувството на пациентите после третманот е како да одат по облаци.
Дали третманот е болен ?
Со примена на дермални филери кои имаат и анестетик во состав, инјектирањето е многу удобно. Но често применуваме додатна анестезија за да комплетно се отстрани можноста за болка. Табаните на стопалата се високо инервирани па понекогаш правиме и блокада на нерви.
Дали е безбедна процедура ?
Да, тоа е безбедна процедура доколку се изведе коректно од страна на специјалист подолог кој е обучен за овој третман и кој целосно ги разбира анатомските структури на стопалото.
Колку долго траат филерите ?
Дермални филери за стопала траат 9-12 месеци. Хијалуронски филер полека се разградува и се апсорбира од страна на нашето тело и потоа безбедно се елиминира. Но интересно е дека самиот процес на инјектирање стимулира формирање на нов колаген. Што значи дека и покрај тоа што филерот е разграден, ткивото е задебелено поради новосоздадениот колаген. Па поради тоа резултатите може да траат и до 2 години.
Кои се споредните ефекти ?
Има минимални споредни ефекти. Но исто како и со дермалните филери на лице, може да се јави црвенило, инфекција и непријатност после третманот.