Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Некои здравствени состојби можат ненадејно да се јават кога ќе се помине 50-тата година од животот. Некои проблеми, болки и симптоми кои не се загрижувачки во младоста, во средната возраст може да се (пред)знак за посериозни здравествени проблеми.
Така, едeн момент сте добри да наредниот веќе…нешто сериозно се случува.
Срцев удар
Ризикот е поголем после 45-50 година од животот, кај мажи > 55 год. и жени после менопауза и старост > 65 год.Најчести знаци се градна болка, краток здив, болка во лева рака и грб, рамо, врат, ладна пот, замор. Ризикот се намалува ако се одржува здрава телесна тежина, регуларно се вежба, не се пуши, умерено се внесува алкохол.
Мозочен удар
Се случува кога во дел од мозокот не стигнува доволно крв, кислород и хранливи материи и мозочните клетки изумираат. Се јавува нагла слабост, конфузност, главоболка, губиток на свест, губиток на вид, отежнато зборување, одземеност на дел од телото. Ризикот се намалува со одржување на нормален крвен притисок, здрава исхрана, одржување на здраво ниво на маснотии во крвта, регуларна спортска активност, справување со стресот, престанок на пушење.
Аневризма
Аневризма е абнормално проширување на зид на артерија, најчесто на абдоминална аорта или крвен сад во мозокот. Зидот на крвниот сад кој е проширен може да пукне и да настане сериозно крварење во мозокот или во абдоминалната празнина. Се јавува болка, главоболка, повраќање, срцебиење, влажна кожа, нагол губиотк на видот на едно око, вртоглавица.
Вртоглавица
Вртоглавица, симптом кој укажува на пореметено функционирање на центарот за рамнотежа во средното уво. Почесто се јавува во постара возраст.
Каменчиња во жолчно кесе
Жолчката се состои од вода, холестерол, жолчни соли, пигмент и вишок на холестерол. Може да се како зрно песок но и поголеми. Предизвикуваат болка под десен ребрен лак, околупојасна болка, над папокот, позади во грбот, гадење, повраќање, подуеност, диеареа, пораст на температурата. Почести се кај жени, гојазни, лица со Дијабетес тип 2, Кронова болест, покачени масти, лица со фамилијарна оптеретеност за каменчиња.
Акутен панкреатитис
Доаѓа до активирање на ензими кои ја уништуваат сопствената жлезда (автолиза). Се јавува силна стомачна болка, гадење, повраќање, вознемиреност, треска, леплива и влажна кожа. Состојбата е животно загрозувачка и неопходна е брза интервенција. Ризик фактор е злоупотреба на алкохол.
Бубрежни каменчиња
Цврсти творби кои се создаваат во бубрезите, составени најчесто од калциум, оксалати, фосфати, урична киселина. Помалите спонтано се измокруваат, поголемите каменчиња може да предизвикаат застој на урината, стоп во протокот, силни болки, инфекција и крварење во урината. Почести се кај мажи отколку кај жени. Се превенираат со доволен внес на течности, вода, над 3 литри на ден, намален внес на белковини и сол во исхраната.
Гихт
Нагло се јавува болка, оток и црвенило на зглобот на палецот на стопалото. Тоа е артритис кој се јавува поради вишок на урична киселина во телото. Зголемен ризик имаат лица кои консумираат многу алкохол, кои се гојазни, исхрана боггата со месо и месни преработки.
Скршеници на коски
Со возраста коските може да станат послаби и полесно кршливи. Остеопорозата, намалување на коскената маса, особено е честа кај жените во менопауза. Калциум, магнезиум и витамин Д, најдобро внесени со храната, сончање и регуларно вежбање може да помогнат.
Пневмонија
Пнеумококна пневмонија почесто се јавува кај лица над 50-тата година од животот и може да е животно загрозувачка. Со возраста имуниот систем слабее. Вакцина се препорачува за лицата над 65 години старост.
Белодробна емболија
Се јавува кога тромб ќе запуши крвен сад во белодробно крило. Се јавува градна болка, краток здив, отежнато дишење, вртоглавица, кашлица која може да има примеси на крв, болка во нозете, зацрвенета кожа. Ризикот се зголумува кај лица по операција, кои подолго лежат или седат (долги авионски летови), лица со срцеви болести.
Одлепување на ретина
Ретината, мрежницата, е високо сензитивен слој во окото која му кажува на мозокот што гледаме. Ако дојде до одлепување (абллација) на ретината, ќе нема доволно кислород, може да се видат летечки спајкови, просветлувања. Ако не се реагира на време може да дојде до перманентен губиток на видот. Почесто се јавува кај лица кои имале операција на катаракта, други очни болести, пролиферативна дијабетична ретинопатија, тумор.
Спинална стеноза
Се развива бавно кога каналот во рбетниот столб, од каде излегуваат спиналните нерви, се стеснува, тоа е каналот кој го држи рбетниот мозок. Нервите, нивните излези од спиналниот мозок се стеснети или прекинати. Се јавува болка, трнење, грчеви, вкочанетост на нозете кои се засилуваат со одење. Се третира со лекови, физикална терапија, хируршки.