д–р Екатерина Јурукоски, дерматолог и специјалист по естетска медицина
Склоноста за сувост на кожата во основа има генетски причини, што значи дека не можеме да го промениме типот на кожа. Меѓутоа да ја прифатиме и да се спријателиме со својата кожа и така да и ја подобриме состојбата, е многу реално.
Кога лојните жлезди произведуват недоволно секрет-себум кој има заштитна функција од мали повреди и дехидратација, кожата најчесто се исушува, побрзо старее и се воспалува.
Многу битно е да не се мешааат термини “сува кожа“ и “дехидрирана“. Дехидратација е цостојба што лесно се коригира со тек на време. Дури и мрсна кожа може да биде дехидрирана, а од недостаток на влага таа почнува да лачи повеќе себум што повеќе ја влошува.
Но сува кожа е поинаква состојба. Сувост на кожата најчесто се појавува од неправилна нега и други надворешни фактори како ветровито време, пресушен воздух во простории.
Симптоми за сува кожа:
* Сува кожа ретко е проблематична додека мрсна(посебно дехидрирана) воообичаено има комедони, акни и проширени пори
* На дехидрирана кожа и фали вода, на сува-масти. Што значи на прва и треба хиддрофиксатори (глицеринот, хиалуронска киселина). На втора пак и треба- липидо дополнувачки агенси( како маслени компоненти)
* Сува кожа најчесто е чувствителна, лошо поднесува загаден воздух и тврда вода. Најчесто реагира на распространени алергени (како мед)
Причини за сува кожа:
Најчеста причина за патолошка сува кожа е атопичен дерматит. Но со чувство на дискомфорт и затегнуванье понекогаш се сретнуват и тие што никогаш немале проблем.
Што ја прави кожата посува:
* Средства за чистење на кожата со агресивни површинско-активни состојки во состав ја уништуват хидро-липидна обвивка на кожата.
* Недоволно богата хидратантна крема па на кожата и фали потхранување за да ја задржи влагата.
* Тешка клима како жештина при висока сувост на воздух или мразеви со леден ветар го нарушуваат заштитниот потенцијал на кожата.
* Недостаток на влажност во воздухот-најчесто е проблем во сезона на парно греење.
* Некои видови на хормонско лекување или употреба на ретиноиди провоцират силна сувост на кожата.Треба да се почека некое време да исчезнат нецакани ефекти и да се ублажи состојбата со помош на козметички средства.
Како сува кожа се разликува од нормална и мрсна
Во споредба со масна и нормална кожа кај сува има недостаток на липиди.Таа е потенка, крвни садови и капиларите поставени многу блиску до површинскиот дел на кожата и затоа многу брзо се контрахираат по дејство на краткотраен мраз.
Кај луѓе со масна кожата корнеалниот слојот и себумот прават моќна заштита поради што и стареењето на таква кожа е поспоро и издржува негативно надворешно влијание-почнувајќи од пилинзите па до ладно време.Меѓутоа сува кожа е осигурена од акни,црнки и проширените порите: кои го комплицират животот во пубертетот.
Што да се направи при екстремно сува кожа:
Се случува кога состојба на кожата многу загрижува: се вцрвенува и дава непријатно чуство дури и од контакт со обична вода а ни едно средство не може да реши овој проблем. Ова е веќе алармантна ситуација кога треба да го посетите дерматолог.
Ако причини не поврзани со здравје најдобро да се применат на овие совети:
* Не користете производи со алкохол во состав
* Наместо алкални прочистувачи користите деликатни кремасти текстури
* Ако сте во можност инсталирајте дома филтри за водата
Нега за сува кожа:
* На епидермисот треба потхрануванье во вид на збогатен крем со липиди или масла.
* Направите замена на помеки прочистувачи за кожата како пена или млеко за чистење.
* Нека биде правило-да не заспивате со мејк ап на лицето. Шминката ги затвара порите и ја суши кожата.
* Ако имате сув тип на кожа, избегнувајте груби скрабови, високи концентрации на киселини
* На плажа користете фактор за заштита не помал од 30. Тенка и сува кожа брзо добива изгореници. Запамтете дека ултравиолетни зраци провоцират на формирање на слободни радикали-главни непријатели на младост на кожата.
* Во ладно време нанесувајте потхранувачка крема на лицето.