Искра Петровска Шешова, Специјалист Дерматолог
Дерматолошко Естетска Ординација Д-р Искра
Во зимскиот период нашата кожа е изложена на различни негативни влијанија кои можат да доведат до нејзино сушење, пукање и иритација.
Поради тоа во зимскиот период е потребна додатна и правилна нега на кожата, како би ја одржале влажна и мека.
Една од основните функции на нашата кожа е нејзината заштитна функција која спречува губиток на вода. Таа заштита ја сочинуваат маснотии кои формираат заштитен липиден филм на површината на кожата. Ладниот и сув воздух ја намалува количината на природни масти при што од површината на кожата испарува поголема количина течност. На тој начин кожата се суши, пука и е подложна на оштетувања.
Зимскиот период ги влошува и хроничните состојби на кожата како што е псоријазата, атопичниот дерматит и себорејата. Црвенилото и проширените капилари стануваат видливи поради наглото преоѓање од ладно на топло.
Како да се негува кожата во текот на зимскиот период?
Важни совети за нега на кожата во зимскиот период.
Хидратација:
Важно е да се надомести влажноста која е изгубена со користење на креми кои не се само на база на хидратантни супстанци туку содржат и маслена супстанца.
Маслената супстанца прави филм на кожата и не дозволува губиток на вода. Кремите и лосионите треба да содржат масни киселини и компоненти како природни влажни фактори, уреа, глицерол, алфа хидроксни киселини, кои имаат голем капацитет за врзување на вода.Важни се и останати витамини и хранливи материи кои и се неопходни на кожата. Важно е повеќе пати на ден да се нанесуваат и на тој начин се ревитализира и хидрира кожата .
Заштита од сонце:
Зимското сонце во комбинација со рефлекција од снег исто така ја исушува и оштетува кожата. Затоа е важно користење крем со SPF фактор 15 кој штити од UVA и UVB зраци.
Нега на рацете:
Кожата на рацете е многу осетлива. Во периодот на зимата е склона кон сушење, перутање и честа појава е настанување на егзем. Да се избегнува долг контакт со средства за миење раце и често нанесување на емолијантни креми кои содржат глицерол и линолеинска киселина.
Туширање на цело тело: со млака вода.
Да се избегнуваат топли купки кои дополнително ја сушат кожата и задолжително нанесување хидратантни и емолијатни лосиони и креми.
Нега на усни:
Во текот на зимскиот период се склони кон стварање на пукнатини и сушење. Задолжително се препорачува користење балсам за уста повеќе пати во текот на денот.
Пилинг на кожа:
Од особена важност во овој период од годината е да се прави пилинг еднаш неделно. Со цел да се отстранат мртвите клетки од површината на кожата и на тој начин се овозможува полесно навлегување на хидратантните креми. Пилингот може да е и професионален кога се изведува во дерматолошка ординација.
Со помош на овој третман грубата и задебелена кожа се заменува со нова, еластична, подмладена и затегната, богата со колаген и еластин.