Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Анкилозирачкиот спондилитис (АС) е воспалителна болест, артритис кој предизвикува хронична (долготрајна) инфламација на р′бетниот столб. Сакроилитис, воспаление на сакроилијачните злобови помеѓу основата на р′бетот и карлицата, е еден од првитте знаци на болеста. Инфламацијата се шири на зглобовите меѓу пршлените, спондилитис. Со тек на време, нови коски се формираат во обид телото да се излекува. Овие нови коски постепено спојуваат делови од пршлените и ги премостуваат пршлените правејќи го р′бетот помалку флексибилен и вкочанет, крут (“бамбусова трска”), држењето на телото е нанапред.
Повеќе ги зафаќа мажите отколку жените. Знаците и симптомите почнуваат меѓу 17 и 45 години.
Нема позната специфична причина за појава на болеста. Болеста има генетска поврзаност и оди по фамилии. Околу 95% од лицата со АС имаат променет, мутиран HLA-B27 ген кој го зголемува ризикот за болеста. Но повеќето особи со мутиран HLA-B ген немаат АС.
Рани знаци и симптоми: болка и вкочанетост во долен дел од р′бетот и колковите, особено наутро и по период на неактивност.
Се јавува болка и вкочанетост на вилица, врат, рамена, заден дел на пета, слабост, замор, намален капацитет на белите дробови и отежнато дишење (зафатени се припоите меѓу градната коска и ребрата, градниот кош е крут), намален апетит и губиток на тежина, абдоминална болка и дијареа, осип по кожата.
Воспаление на очите, иритис и увеиитис – една од најчестите компликации, нагла болка во окото, чувствителност на светлина (фотофобија) и замаглен вид.
Компресивнии фрактури – коските се разредуваат во раната фаза на болеста, ослабените пршлени може да се распаднат. Фрактурите на пршлените прават притисок и оштетување на р′бетниот мозок и нервите.
Срцеви проблеми – аортитис (зафаќање на залистоците на аортата), аритмија, кардиомиопатија.
Синдром на кауда еквина – задршка на урина, инконтиненција на урина и столица, неосетливост во генитоуринарната регија, сексуална дисфункција.
Некои особи имаат силна постојана болка и вкочанетост, некои имаат поумерени симптоми кои се јавуваат и исчезнуваат во нерегуларни интервали. Симптомите може да се влошуваат (да се разгорат) и да се подобрат (болеста влегува во ремисија).
АС е доживотна состојба за која нема лекување и нема начин да се превенира.
Третманот треба да се почне пред да настанат иреверзибилни оштетувања на зглобовите. Насочен е кон ослеснување на симптомите, намалување на болката, намалување на оштетувањето на зглобовите, успорување на прогресијата на болеста, превенирање и одложување на компликациите: нестероидни антиинфламаторни лекови, кортикостероиди, биолошка терапија која го менува имунолошкиот систем и го блокира воспалението.
Физикална терапија е важен дел од третманот – ја успорува прогресијата на болеста, ја намалува болката, го подобрува држењето на телото и флексибилноста.
Со возраста симптомите постепено се влошшуваат. Состојбата ретко е животно загрозувачка или инввалидизирачка. Сепак, болките во зглобовите може да ја намалат способноста за нормално функционирање.