Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Мултиплата склероза (МС) го зафаќа централниот нервен систем, мозокот и рбетниот мозок. Болеста е сериозна, до крајот на животот, симптомите се различни и може да предизвика инвалидитет.
Болеста е автоимуна. Имуниот систем ја напаѓа миелинската обвивка која ги штити нервите и помага електричните сигнали да патуваат од мозокот до другите делови на телото. Кај МС има лезии на воспалена миелинска обвивка, пореметено е патувањето на сигналите долж нервите, сигналите може да се успорени, прекинати или испратени во погрешна насока. Кога воспалението се санира, на тоа место останува ожилно ткиво и склероза и зафатените нерви трајно се оштетуваат.
Комбинација на генетски и фактори од околината е причина за појава на болеста.
Фактори за појава на болеста се: гените (ризикот е поголем ако некој во семејството има МС), недостаток на изложеност на сонце и витамин Д (не е јасно дали витамин Д може да превенира развој на МС), пушење (пушачи имаат два пати поголем ризик), обезност во тинејџерски години, вирусни инфекции, женски пол (до 3 пати почесто).
Релапсирачка ремитентна МС е најчест тип. Влошувања, релапси се јавуваат без најава, потоа бавно се подобруваат. Помеѓу нападите има периоди на ремисија. Со време симптомите постепено се влошуваат, релапсите се поретки.
Примарна прогресивна МС започнува со постепено влошување на симптомите. Нема периоди на ремисија но има периоди кога симптомите се стабилизираат.
Симптомите варираат, секој дел од телото може да биде зафатен, непредвидливи се, се јавуваат и влошуваат, доаѓаат и си одат. Пациентите имаат само некои од симптомите.
Чувството на умор, исцрпеност кој се влошува на топло време, на крајот од денот е еден од најчестите симптоми, предизвик е да се извршат и наједноставните активности.
Проблеми со мобилноста – отежнато движење и одење, неспретност, потешкотии со равнотежата и координацијата (атаксија), треперење (тремор), вртоглавица.
Болка – невропатска, предизвикана од самата болест, разни сензации – горење, игли, стискање, болни убоди во лице. Мускулоскелетна болка во грб, врат, зглобови.
Проблеми со видот – неволни движења и болка во окото, двојно гледање, нистагмус, слепило за бои, проблесоци на светлина.
Абнормални сензации – вкочанетост или пецкање во различни делови на телото кои се распространуваат, може да се прв знак.
Болни мускулни грчеви, вкочанетост или слабост.
Когнитивна дисфункција – проблем во наоѓање на вистинските зборови (на врв на јазик се но не може да се изговорат), помнење, концентрација (потешко се работат две работи одеднаш), решавање на проблеми и планирање, проценка и согледување на последиците, процесирање на информации, побавно мислење и реагирање, не може да се следат сложени инструкции, проблем со проценка на големината и растојанието, обработка на визуелни информации, неможност за возење автомобил.
Ментални проблеми – тага, депресија (најчесто), анксиозност, страв, несигурност, стрес, бес, иритабилност, намалена самодоверба, брзи промени на расположението, еуфорија, неконтролирање на емоциите (смеење или плачење без причина).
Проблеми со зборување, џвакање и голтање.
Сексуални проблеми – намален интерес за секс, еректилна дисфункција.
Проблеми со уровезика – некомплетно празнење, инконтиненција, зачестено, ургентно или ноќно мокрење, инфекции.
Проблеми со цревата – опстипација, инконтинненција.
Терапијата помага за контрола на состојбата, се третираат симптомите.