Д-р Елена Арсова, менаџер на Hair Clinic Beograd (www.hairclinicbalkan.com)
ФУЕ трансплантацијата на коса се разви во високо софистицирана субспецијалност која обезбедува вистинско решение на пациентите со губиток на косата. Резултатите од современата трансплантација на коса се природни, трајни.
Микро ФУЕ техниката се разви како резултат на подобреното разбирање на билогијата и физиологијата на влакното како и преку примената на стандардните микрохируршки техники. Комбинирањето на големина на графтови, креирање на фронтална линија, планирање на дистрибуцијата и густината на косата, се клучни елементи кои хирургот за трансплантација на косата ги користи за да уметнички ја сработи операцијата.
Зошто е значајна големината на графтовите за природен изглед?
Нашата коса е формирана од групи на влакна кои содржат едно до пет влакна. Овие групи се нарекуваат фоликуларни единици или графтови. Кај личност со здрава коса, фоликулите во предниот дел на главата се обично во групи од едно или две влакна. Групи од три се гледаат кон задниот дел, а на тилот може да има групи од три, четири и пет влакна. Кај опаѓање на косата во фронт, ги губиме фоликуларните единици од едно и две влакна. Како што опаѓањето на косата прогресира, се губат и единиците со две до три влакна.
Затоа за густ и природен изглед на трансплантираната коса, поединечни графтови се користат за предната линија. Позади неа се користат поединечни и двојни графтови. Како што се оди наназад се аплицираат двојни и тројни графтови.
Што е разликата меѓу ФУЕ и микро ФУЕ трансплантацијата?
Микро ФУЕ методата користи тенки игли (со дијаметар од 0.6-0.8) и микромотор за вадење на здравите фоликуларни единици од задниот дел на глава. Поради вадењето со овие микрохируршки инструменти, графтовите се многу мали и нежни. Благодарение на тоа, се постигнува и природен изглед на трансплантираната коса и посакуваната густина. Со цел да ги инсерираат графтовите, хирурзите прават многу мали инцизии со остар инструмент и ги поставуваат графтовите во тие инцизии држејќи ги со многу фини инструменти.
Што се предностите на микро ФУЕ техниката?
Како резултат на микро ФУЕ методот, регенерацијата на кожата е многу брза (графтовите регенериаат за 7 дена, а донорската регија за 2 дена). Исто така, финалниот резултат е високо естетски и природен.
Затоа што се постигнува многу природен изглед со микро ФУЕ техниката, резултатите се многу успешни не само кај трансплантација на коса, туку исто така кај брада, мустаќи, веѓи и трепавици, како и кај лузни.