Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Зегин Интермедика
Макронутриенти, основни компоненти на исхраната кои ни даваат енергија, се белковините (протеини), мастите и шеќерите (јаглехидрати). Сите се потребни за да функционираме најдобро и избегнеме болест.
Оптималното здравје зависи од најдобриот сооднос на макронутриенти за нас. Сите имаме индивидуални потреби за хранливи материи и не постои програма на исхрана која одговара на сите. Правило во исхраната до кое можеме сите да се придржуваме е да добиваме макронутриенти од цела храна, а не од преработена.
Протеините се неопходни за градење и поправка на ткивата, мускулите и органите. Учествуваат во функционирањето на ензимите, хормоните и имунолошкиот систем. Составени се од амино киселини; некои се есенцијални што значи дека нашето тело не може да ги произведе и мора да ги добиеме од храната. Богати со протеини се месо, риба, јајца, млечни производи, мешунки, јатки, семиња.
Мастите се богат извор на енергија, клучни компоненти се во градбата на клетките и ткивата, учествуваат во производство на хормони и регулација на температурата на телото, важни се за аспсортпиција на витамини, производство на хормони, комуникација на клетките.
Може да се заситени и незаситени. Триглицеридите се заситени масти кои на собна температура се цврсти. Незаситените масти обично се течни на собна температура.
Јаглехидратите, прости и сложени, се еден од примарните извори на енергија. Гликозата е еден од главните извори на калории, може да ја помине крвно-мозочната бариера и да го храни мозокот. Фруктозата природно се наоѓа во медот, овошјето, коренестиот зеленчук. Галактозата е млечен шеќер. Лактозата е млечен шеќер во млекото на цицачите, мајчино и кравјо. Сахарозата е белиот трпезен шеќер. Ја има во овошјето и зеленчукот, најмногу во шеќрната репка и шеќерната трска. Малтозата се наоѓа во меласата која се користи како супстрат за ферментирање на пивото.
Сложените јаглехидрати се најзастапени, меѓу нив се скробот и влакната. Скробот има сладок вкус, важен извор на калории е и го има во оризот, компири, пченка и пченица.
Диететските влакна се јаглехидрати кои цревните ензими не можат да ги разградат, телото не може да ги свари. Има неколку видови. Минуваат низ тенкото црево несварени, малку се разградуваат од бактериите во дебелото црево и на крај завршуваат како маса во столицата. Ја успоруваат апсорпцијата на простите шеќери (глукозата) во тенкото црево и помагаат за одржување на здраво ниво на глукоза во крвта. Спречуваат опстипација.
Рафинираните шеќери се шеќерите кои се додаваат во преработената храна и пијалоци. Причина се за производство на ендотоксин во цревата што ја уништува митохондријалната функција и резултира со здравствени проблеми.
Природните шеќери ги има во клеточната структура на храната, целото овошје и зеленчук. Дел се од природниот состав на храната и доаѓаат заедно со корисни материи и влакна кои ги има во целата храна. Фруктозата од целата храна обично не поттикнува производство на ендотоксин и ова е разликата зошто рафинираните шеќери го хранат ракот.
Оптималното здравје има кога го слушаме телото, со најдобар сооднос на макронутриенти за нас со внес на здрава, целосна храна.