Д-р Елена Арсова, менаџер на Hair Clinic Beograd (www.hairclinicbalkan.com)
Новиот коронавирус претставува глобална закана, a бројот на заразени во светот веќе надминува 2 милиони. САРС-КоВ-2 не фати неспремни и со недоволни информации како да се справиме болеста. А, знаењето во медицината е пресудно за да ја победиме болеста. Докторите секојдневно се борат со вирусот, ги следат новите симптоми во клиничката слика, применуваат разни лекови и спасуваат човечки животи. Во меѓувреме, научниците ги пренасочија своите истражувања кон коронавирусот со цел да ги откријат карактеристиките на вирусот и методите со кои можеме да го уништиме.
Уште од почетокот на пандемијата постои тренд на поголема смртноста кај мажите отколку кај жени. Дури 70% од смртните случаи се мажи во однос на 30% жени во најмногу земнји во светот.
Првично се наметна мислењето дека пушењето цигари кај мажите и нивната невнимателност при миење на рацете може да е ризик фактор. Но, тоа не е точно и не може да се префрла одговорноста на жрватата.
Секако дека одредени здравствени состојби придонесуваат за поголема смртност.
Но, одговорите лежат во генетиката и машките полови хормони.
Истражувачите сметаат дека истите машки хормони кои одредуваат опаѓање на косата, исто така одредуваат и поголема осетливост на мажите на коронавирусот.
Др Елена Арсова, трихолог и сопственик на Hair Clinic Beograd, ќе ни објасни каква е врската меѓу ќелавоста и сензитивноста на конронавирусот.
За да вирусот продре во нашите клетки, потребен му е ензимот протеаза кој го активира и АЦЕ2 рецептор кој го пушта вирусот во нашите клетки.
Генетиката, поточно Х хромозомот, е врзана со овој АЦЕ2 рецептор. Грубо кажано, жените со кои имаат два Х хромозома имаа двојно појак имунитет и помала шанса да дозволат нивниот АЦЕ2 рецептор да го пушти вирусот.
Протеазата пак е врзана за машките полови хормони, но и за генетика, објаснува др Елена. Ензимот протеаза се создава единствено преку работата на машките полови хормони. Тие се врзуваат за андрогениот рецептор на клетките од белите дробови и поттикнуваат создавање на ензимот за влез на коронавирусот.
Овој андроген рецептор има поголема активност кај мажите кои ќелават па затоа кај нив се создава повеќе протеаза. Активноста на андрогениот рецептор е генетски детерминирана.
Др Елена Арсова го контактираше Др Карлос Вамбиер, директор на Истражувачкиот Институт за дерматологија на Браун Универзитетот кој со тим на научници од цел свет, ја поставија оваа хипотеза почетокот на овој месец.
Иако е сеуште рано за да се донесат заклучоци, и потребни се дополнителни истражувања, др Вамбиер преку др Елена, ни даде информации дека со примена на антиандрогена терапија која го снижува нивото на машки хормони, можеме да ја намалиме сериозноста на инфекцијата и компликациите од Ковид-19. Многу пациенти на др Елена, веќе примаат антиандрогена терапија поради губењето на косата. Но совет е и да останат дома и да ги применуваат препорачаните мерки од надлежните органи.