Д-р Елена Арсова, менаџер на Hair Clinic Beograd (www.hairclinicbalkan.com)
Обично губиме по околу 100 влакна на ден како нормална појава. Но ако забележите дека губите повеќе, исхраната може да биде причина. Додека хормони, како ниски тироидни хормони или високи нивоа тестостерон, може да бидат причина, исто така и премалку протеини и ниско железо влијаат на здравјето на косата. Протеините се изградени од аминокиселини, од кои некои нашето тело ги продуцира а некои мора да ги примите со исхрана. Ако вашиот доктор одреди дека имате недостаток од железо, вашето опаѓање на косата може дополнително да е предизивикано и од недостаток на аминокиселината Л-лизин.
Л-лизин е една од осумте есенцијални амино киселини, што значи од групата на оние кои телото не може само да ги продуцира. Се сретнува во црвено месо, живина, свинско, јајца, сирење и одредени риби особено сардини и исто така соја. Јаткасти плодови, легуми и пивски квасец се вегетаријански извори на оваа аминокиселина. Ако имате нискокалорична исхрана со слаб внес на протеини или веганска исхрана која не вклучува доволно јаткасти плодови и легуми, тогаш може да имате недостаток од оваа аминокиселина.
Опаѓање на косата е познат симптом на недостаток на железо, објаснува д-р Елена Арсова, трихолог од Hair Clinic Beograd. Според студија објавена во “Clinical and Experimental Dermatology” забележано е дека зголемено опаѓање на косата кореспондира со недостаток на железо и субоптимален внес на Л-лизин. Кога на пациентите им се дадени суплементи од желези и лизин, опаѓањето на косата се намали. Меѓутоа, потребни се неколку месеци за да се забележат промените откако ќе почнете со суплементи. Третмани за коса се препорачуваат истовремено.
Л-лизин е една од главните аминокиселини која може предизвика опаѓање на косата, но и целокупен недостаток на протеини може исто така да причина за опаѓање. Се препорачува 10-35 % од дневните калории да бидат од протеини или минимум 0.75-0,80 грама протеин на 1 кг телесна тежина. Ако имате 60 кг, треба да примате околу 50 гр протеини на ден.
Личностите со нарушувања во исхраната, или оние кои се на диета или имаат состојби поради кои немаат добра апсорпција на протеини, може потенцијално да ја губат косата.
Но исто така, премногу од одредени суплеменит може да даде опаѓање на косата, Пр. Екцесивни нивоа витамин А може да е една причина.
Добра анамнеза со земање на комлетна медицинска и фармаколошка историја, е неопходна за да се открие причината за опаѓање на косата, објаснува д-р Елена Арсова, од Hair Clinic Beograd. Понатаму, видеодермоскопија на косата и скалпот ќе обезбеди евалуација на степенот на губиток на косата и на функцијата на фоликулот. Согласно на тоа, паралелно со системската терапија со суплементи железо и Л-лизин, може да се применат и методи за стимулација на растот на косата за да се обезбеди брза и оптимална регенерација на косата.