Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Кушингов синдром е збир на знаци и симптоми како резултат на пролонгирана експозиција на глукокортикоиди (кортизол). Предизвикан е од претерана употреба на лекови кортикостероиди или од тумор кој прекумерно продуцира кортизол во адреналните жлезди. Случаите кои се должат на аденом на питуиртарната жлезда се Кушингова болест, најчеста втора причина за Кушингов синдром после лековите. Три пати почесто се јавува кај жени во однос на мажи, најчесто помеѓу 20 и 50 година. Симптомите зависат од нивото на кортизолот и времетраењето.
Брз пораст на тежината, централен тип на дебелина – околу половината, рамената, грбот и лицето; масни перничиња на задната страна на вратот (биволска грпка), напред околу вратот кај клучните коски, заоблено лице (месечево лице). Рацете и нозете се слаби.
Тенка, нежна и сува кожа на која лесно се прават модринки, споро зараснуваат рани, каснувања од инсекти, инфекции (габични). Акни на лицето. Црвенило и проширени капилари. Сувост на лигавиците. Розеви или виолетови стрии на кожата на стомакот, задникот, бутовите, рацете, нозете, градите.
Зголемена жед и зголемено мокрење, висок крвен притисок, инсулинска резистенција. Ексцесивно препотување. Зголемена пигментација на кожата, флеки и акантозис нигриканс околу вратот и под мишките. Ќелавост или сува и кршлива коса. Пореметено спиење, несоница.
Кај жени – машки тип на влакнетост, хирзутизам, подебели и видливи влакна на лицето. Нерегуларна или одсутна менструација, неплодност.
Кај мажи – намалено либидо, импотенција, еректилна дисфункција, неплодност.
Губиток на коскена маса, остеопороза, нетрауматски скршеници, мускулна слабост, малаксалост, умор.
Метаболен синдром со инсулинска резистенција, висок крвен притисок, обезност, пораст на триглицеридите, хиперхолестеролемија,
Когнитивни, персонални промени, дисфункција на помнење и внимание, депресија, анксиозност, иритабилност, промена на расположението, губиток на контрола на емоциите.
Високо ниво на хормонот кортизол е причина за Кушингов синдром. Кортизолот се произведува од адреналните жлезди. Има различни улоги во телото: регулација на крвниот притисок, намалување на инфламацијата, одржување на крвните садови и срцето во нормална состојба, одговор на стрес, го регулира метабоолизмот и создавањето на енергија.
Егзоген (јатроген) Кушингов синдром се јавува кога причината е надвор од телото – употреба на орални кортикостероидни лекови во високи дози во подолг период. Овие лекови се употребуваат за лекување на многу воспалителни и автоимуни заболувања (ревматоиден артритис, лупус, астма), кај трансплантирани болни.
Ендоген Кушингов синдром се јавува кога има зголемена секреција на кортизол во организмот.
Питуитарен Кушингов синдром – зголемена продукција на адренокортикотропен хормон (АКТХ, нормално ја регулира продукцијата на кортизол) од бениген тумор, аденом на питуитарната жлезда. АКТХ ги стимулира адреналните жлезди да лачат повеќе кортизол. Оваа состојба е Кушингова болест.
Адренален Кушингов синдром – вишок на кортизол се продуцира од аденом (примарен неканцероген тумор) на адреналните жлезди, хиперплазија на адреналните жлезди или адренални жлезди со нодуларна адренална хиперплазија.
Ектопичен, паранеопластичен Кушингова синдром – тумор кој секретира АКТХ во бели дробови, панкреас, тироидна жлезда.
Псеудо-Кушингов синдром – се должи на естрогените кои ги има во контрацептивните таблети. Естрогените може да водат до пораст на глобулинот кој го врзува кортизолот и да доведат до пораст на кортизолот.