Др Елена Арсова, менаџер на Hair Clinic Beograd
(www.hairclinicbalkan.com)
ПРАШАЊЕ ОД ПАЦИЕНТ:
Во последно време имам несоница и сум загрижен дали тој недостаток од сон ја влоши состојбата на мојата веќе ослабена коса ? Дали недоволно спиење може да предизвика опаѓање на косата? Доколку може, дали можам нешто да направам за да го спречам опаѓањето на косата, освен што треба повеќе да спијам?
ОДГОВОР:
Да, недостаток од сон може да доведе до опаѓање на косата. Спиењето е време кога телото се опоравува. Просечно 7-8 часа сон е неопходно за да бидете здрави, затоа што недостаток од сон води до исцрпеност на организмот, неспособност за добра концентрација, раздразливост, зголемена телесна тежина, како и многу други здравствени проблеми, вклучително и проретчување на косата.
Недостаток на сон може да има негативни последици – опаѓање, сувост и безживотност на косата. Дури може да предизвика побавен раст на косата и секако повеќе влакна на вашата четка од вообичаено. Неможноста да спиете доволно влијае и на имуниот систем на телото и доведува до физиолошки стрес. Дури недостаток на сон делува на вашата ментална и физичка издржливост и на ниво на хормоните кои се потребни на вашето тело. Стресот може да предизвика различни форми на опаѓање на косата како што е телоген ефлувиум а може да биде и тригер фактор за појава на косопад.
Затоа, не е изненадување недостатокот од сон како вид на стрес исто така негативно да делува на косата.
Обезбедете си услови полесно да заспиете. Подгответе се еден час пред легнување така што ќе ги исклучите компјутерите и мобилните телефони а земете нешто да читате со топол напиток. Тоа ќе ви помогне да се опуштите и полесно да заспиете. Ако вашите проблеми со спиење и натаму продолжат треба да поразговарате со вашиот лекар од општа пракса за да се открие причината за тоа. Општ совет за оние кои се загрижени за сувата и кршлива коса вклучуваат третирање на вашите краеви со кондиционери кои не се испираат или масла за коса кои се држат додека спиете а кои ќе помогат во подобрување на квалитетот на косата. Спиење на сатенски или свилени навлаки на перницата може да го намали нивото на триење во тек на спиење и да го намалат оштетувањето на косата.
Советуваме трихолошка анализа на косата и скалпот. Со преглед на косата и скалпот докторките –трихолози ќе го одредат степенот на проретченост на косата, причината за опаѓањето, состојбата на скалпот и можноста за раст на нова коса. Може да се утврди дали имате опаѓање поради недостаток на сон или станува збор за наследна ќелавост или можеби комбинација од двете форми опаѓање. Врз основа на трихолошката анализа наште докторки ќе ви препорачаат терапија адекватна за добивање оптимални резултати во вашиот случај.