Др Елена Арсова, менаџер на Hair Clinic Beograd
(www.hairclinicbalkan.com)
Губењето на косата се поврзува со намалување на самодовербата, анксиозност и во екстремни случаи изолација и депресија.
Експертите неодамна го поврзаа значењето на исхраната со здравјето на косата, затоа што недостаток на одредени нутритиенти предизвикува косата да се истенчува. Изгледа дека и вашите навики околу тренингот може да го забрзаат губењето на косата.
Според експертите од областа на трихологијата, има голем бран на мажи со забрзано губење на косата поради употребата на прашкасти протеини и спортските активности кои ги применуваат.
Извештаите покажуваат дека одредени состојки во протеинските шејкови го покачуваат тестостеронот и неговиот метаболит дихидротестостерон, кој директно се поврзува со опаѓање на косата.
Протеинските шејкови често содржат хормони за раст како креатин и ДХЕА, кои не само што ја зголемуваат мускулната маса, туку ги покачуваат и нивоата на тестостерон.
Тестостеронот се трансформира во дихидротестостерон (ДХТ), кој всушност придонесува за појава на ќелавост. ДХТ кога ќе се поврзе за корените на влакното предизвикува прекинување на растот и минијатуризација на фоликулот. За жал многу мажи, не се свесни за тоа, додека не забележат дека нивното опаѓање на косата станало уште повидливо. Околу 50% од машките пациенти кои доаѓаат во нашата клиника користат редовно протеински шејкови.
Меѓутоа, протеинските шејкови не се всушност главна причина за опаѓање на косата. Многу е значајно е да се направи разликата меѓу причината и ефектот. Протеинските шејкови не предизвикуваат опаѓање на косата. Но тие го забрзуваат опаѓањето на косата кај мажи кои веќе имаат наследно губење на косата, или тие кои се предиспонирани за опаѓање на косата. За разлика од нив, стероидите директно влијаат на опаѓање на косата.
Од тие причини, препораката е да се внимава на количината и типот на протеински шејкови кои се консумираат особено кај мажи кои веќе почнале да ја губат косата. А стероиди комплетно да се прекинат. Дополнително постојат опции и методи на третман со кои ќе ја заштитите косата без да има потреба да ги промените вашите рутини во тренингот. Затоа секогаш обратете се на стручно лице, кое ќе ви помогне во решавање на проблемот со косата и ќе ви направи протокол на третман да ја вратите изгубената коса.