д–р Екатерина Јурукоски, дерматолог и специјалист по естетска медицина
Флеки на кожа се типичен проблем во сончеви земји како Македонија.
Хиперпигментација е еден од најактуелните проблеми во современа дерматологија.Посебно е висока инциденцата на појава во топли и сончеви земји како Македонија каде сонцето е многу активно како во летно така и во зимско време.
Што е пигментација?
Пигментација е комплициран биохемички процес во кој главната улога играа специјализирани пигментни клетки –меланоцити. Меланоцитите произведуваат меланин-пигментот кој ја определува бојата на кожата. Во зависност од количина на меланин, бојата на кожата може да варира, од кремаста до темно кафеава нијанса. Меланинот всушност ја заштитува кожата од изгореницити и прегревање.
Бојата на кожата исто така зависи од различни фактори: од дебелина на самата кожа,од големина и количина на капиларите.Најчеста локализација на флеките е лицето,раце и деколте.
Кои се најчести причини за појавуванье на пигментација?
Причините може да бидат различни:
Злоупотреба на солариуми и безконтролно сончење заради убав темен тен .
Бременост, климактериум.
Примена на пилинзите што не одговарат на типот на кожата.
Вишок или недостаток на одредени витамини и минерали.
Инфламаторни процесите во кожата.
Ендокрина патологија.
Заболувања на внатрешни органите (црн дроб,тироидна жлезда)
Кои се најдобри третмани за отстранување на хиперпигментација:
Хиперпигментација е козметички промена (дефект) кој не представува сериозна опасност на живот и здравје.Меѓутоа може да стане естетски проблем и да влијае на квалитетот на животот поврзан со незадоволство од својот изгледот. Третирање на хиперпигментација треба да има сеопфатен пристап почнувајки од откривање на причината за појавување на пигментот па до лекувањето.Најдобар и најефикасен резултат до сега покажуваат комбинирани третмани со медицински пилинзи (површински, длабоки што го обновуват горниот дел на кожата) во комбинација цо редермализација (примена на специални коктели за кожата што ја стопират пигментација и го враќаат природниот пигмент) .Процесот на лекување во зависност од тежина на пигментација трае најмалку 3 месеци. Први резултати може да се забележат после 1 месец од терапија.