Доцент д-р Синиша Стојаноски, Институт за Патолошка физиологија и Нуклеарна медицина
Како делуваат триодните проблеми на квалитетот на живот?
Присуството било на хипотиреза или хипертиреоза, сериозно влијае на секојдневното нормално функционирање и значително го менува квалитетот на животот. Затоа навремената дијагноза и терапија се од есенцијално значење.
Кои се методите за дијагностика на активноста на тироидна?
Дијагностиката на тироидните заболувања опфаќа: лабораториски анализи на нивото на тироидните хормони, ултасонографски (ехографски) преглед, сцинтиграфија (скен) на тироидната жлезда, тенкоиглена биопсија, како и серија на специфични дијагностички методи кои што се изведуваат на нашиот институт, Институтот за Патофизиологија и Нуклеарна медицина, Скопје.
Кога треба пациентите да се обратат на доктор?
Пациентите треба да се обратат за преглед доколку имаат тироидна симптоматологија, секако по препорака на својот интернист или доколку постои сомнение за тироидна патологија по направените редовни систематски прегледи.
Опциите за третман што опфаќаат?
Согласно на промената (заболувањето) на тироидната жлезда, терапевтскиот пристап може да биде медикаментозен (со лекови), хируршки (оперативен) или со примена на радиоактивен јод.