Др.Искра Петровска Шешова
Специјалист Дерматовенеролог
Дерматолошко Естетска Ординација Др.Искра
Стареењето на нашата кожа е нормален физиолошки процес кој неможеме да го спречиме но затоа можеме да го успориме. Причините кои го предизвикуваат стареењето се внатрешни и надворешни фактори. Внатрешните фактори се генетски кои ние ги наследуваме и на кој неможеме да влијаееме .Така да стареењето предизвикано од внатрешни фактори е индивидуално и секој старее различно. Но, затоа на надворешните фактори како што се нездрава исхрана, загаден воздух, изложеност на сонце, пушење и нездрав начин на живот, се фактори на кои можеме да дејствуваме доколу ги промениме навиките и начинот на живот. Лицето, вратот, деколтето и рацете се првите видливи делови на нашето тело каде можеме да го забележиме стареењето. Првите знаци на стареење на кожата се опуштеност, губиток на еластичност, сувост, појава на први брчки, губиток на волумен, свежина и сјај. Целиот процес започнува од коскеното ткиво (трошење на коските ), губиток на масно ткиво, под дејство на гравитација кожата е опуштена, станува потенка и без сјај и свежина.
Естетската дерматологија како посебна гранка во медицината ни овозможува преку различни начини на превенција, терапија и третмани да го забавиме процесот на стареење. Во светот се повеќе се применуваат неинвазивните естетски третмани кои се безбедни, ефикасни и кој но овозможуаат опоравување за краток период. Но, од особена важност е да кога ќе се одлучиме за вакви третмани да одиме во естестка клиника, третманите да се изведуваат од едуциран и сертифициран дерматолог или пластичен хирург кој има долгогодишно искуство во естетската медицина. Третманите и препораките кои се препорачуваат во оваа област се се повеќе индивидуални ( персонализирани ) за секој пациент бидејќи секоја кожа различно старее и на секој му е потребен различен третман. Вашата кожа е огледало на вашето здравје затоа пред да се одлучите за било каков третман размислете добро каде, во какви услови и на кого ќе му ја доверите вашата кожа да изгледа убаво,негувано со младешки изглед, свежина и сјај.