Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Чувството на глад е производ од неколку фактори, биолошки и психички сигнали и околината.
Биолошките сигнали праќаат порака дека сме гладни и тие зависат од хормоните инсулин и лептин. Кога ќе изедеме повеќе нивното ниво расте и мозокот регистрира порака дека треба да се престане со јадење.
Психолошките сигнали се тие кои прават проблем. Чоколадна торта, ванила крем, овошен прелив … Додека хормоните викаат да престанеме, ние продолжуваме да јадеме. Храната може да биде страст и уживање, ако е вкусна невроните емитуваат сигнали кои нѐ прават среќни и затоа е тешко да престанеме да јадеме.
Телото го регулира внесот на храна за да одржи енергетска рамнотежа. Глад е физиолшка потреба за храна. Гладот е состојба која нѐ тера да ја зодоволиме потребата на организмот за храна и да му овозможиме енергија за правилно функционирање. Апетит е психолошка потреба за храна и е поврзана со чувството на задоволство кое се јавува откако се консумира храна која ја сакаме. Ако се работи за глад секоја храна ќе биде “добредојдена “, при апетит постои желба за одредена врста на храна.
Поимот ситост се однесува на чувството кое се јавува (или би требало да се јави) кога сме готови со внесот на храна. Секој внес на храна после тој момент води до чувство на заситеност. Утврдено е дека заситува таа храна која треба да ја изедеме во поголема количина/повеќе за да внесеме иста количина на калории отколку храна која во мали количини има ист број на калории.
Што контролира “кога сме гладни”?
Во минатото се сметало дека желудникот е тој кој е одговорен за чувството на глад или ситост. Но во 50-тите години на минатиот век утврдено е дека хипоталамусот (дел од мозокот) е главен. Мозокот е само една карика во процесот на внес на храна. На внесот на храна влијаат:
Составот на храната – протеините предизвикуваат чувство на ситост кое трае најдолго. Топливите диетална влакна го продолжуваат чувството на ситост бидејќи го успоруваат празнењето на цревата и го подобруваат бубрењето на нетопливите диетални влакна.
Системот за варење – како што храната го полни желудникот и тенкото црево после некое време се испраќаат сигнали во мозокот дека е внесена доволна количина и се намалува потребата за храна.
Хранливи состојки кои кружат во телото – хранливите материи после дигестијата и апсорпцијата се испраќаат во црниот дроб кој како сензор ја следи концентрацијата на одредени материи и испраќа сигнали во мозокот кога нивната концентрација е многу висока или многу ниска.
Невролошките и хормоналните фактори – хормони, невроендокрини фактори (материи слични на хормоните) и некои лекови директно или индиректно влијаат на неутротрансмитерите во мозокот.
Tемпературата – ниски надворешни температури потикнуваат поголем внес на храна, а високи температури предизвикуваат налмален внес на храна. И овој механизам е под контрола на мозокот.
Околината и социолошките фактори – ефект има и одреден период од денот, социјални моменти, сензорните одлики на храната, стресот и промената во расположението.