ВАША ОРДИНАЦИЈА: Зошто ни тече носот кога е студено?

by Тони Зографски

Д-р Оливер Зографски, ПЗУ „Зографски“ Велес

Зошто ни тече носот кога е студено? Во зима кога температурите се ниски, студениот воздух кој го видшуваме ги стимулира сензорните нерви во носот што води до носна конгестија (затнување) и растечен нос. Ова е таканаречен ринитис предизвикан од студ или популарно познат како “скијачки нос”. Оваа појава е почеста кај пациенти со алергија или астма. Кое е објаснувањето?

Пред да стигне во белите дробови воздухот поминува низ носот. Главна функција на носот е кондиционирање на воздухот, односно го филтритрира, го загрева и го навлажнува. Тоа го овозможува богатата опскрбеност на носот со крвни садови и бројни мукозни жлезди кои спречуваат тој да биде иритиран од сувиот и студен воздух.

Просечна температура во носот е од 25-30 °C, а просечна влажност е 100%. Кога температурите се ниски и воздухот е студен и организмот се обидува да се аклиматиизира на промената на температурата на воздухот и поради тоа слузните жлезди во носот пообилно создааат секрет, па носот тече “како вода”.За да го спречите ова доволно е само да го заштите носот со шал кога надвор е студен и сув воздухот.Дополнителна причина е и екстремно загадениот воздух кај нас.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com