д-р Елена Арсова, медицински директор во 101 Hair Clinic
ПРАШАЊЕ ОД ПАЦИЕНТ: Имам габична инфекција на палецот и на четвртиот прст на стопалото веќе неколку години. Мислам дека прво почна на четвртиот прст. Користев лак против габична инфекција кој навистина ми помогна. Но откако престанав да користам, инфекцијата пак се врати. Пак пробав со истиот лак и пак после прекинот инфекцијата се врати. Забележувам и дека кожата помеѓу четвртиот и петиот прст почнува да ми се лупи пред да ми се врати инфекцијата на прстите. Освен лупење чувствувам и чешање на кожата. Каде грешам во третманот?
ОДГОВОР ОД ДОКТОР: Габичната инфекција на ноктите многу лесно се добива. Еден од најчестите патишта за добивање на габична инфекција на ноктите е со ширење на габичната инфекција од кожата на ноктите. Атлетско стопало е габична инфекција на кожата на стопалата. Најчесто се јавува меѓу прстите, особено четвртиот и петиот прст па потоа се шири на целото стопало и на ноктите. Првин почнува со чешање, па се јавува црвенило и лупење на кожата. Ако инфекцијата се влошува, кожата пука и станува болна и непријатна. Често од кожата оваа инфекција се пренесува на ноктот од четвртиот прст, па потоа преминува на палецот, обично пренесена со инструментите за нега на ноктите.
Симптомите на атлетско стопало може да се смират во тек на летото, иако инфекцијата обично не е излечена. И пак се влошува кога ќе се создадат поволни услови за тоа, како на пример топла и влажна средина. Спортски активности кои се проследени со потење на стопалото често ја поттикнуваат повторно инфекцијата.
И покрај тоа што ја лечите габичната инфекција на ноктите, не сте ја излечиле габичната инфекција на стопалото. Поради тоа проблемот со ноктите се повторува.
Затоа нашиот пристап во лечењето е сеопфатен. Питиум Олигандрум третманот, има посебен начин на апликација и делува на истовремено лечење и на ноктите и на стопалото. На тој начин добиваме симултан третман и радикално лекување на габичната инфекција, што ја елиминира можноста за нејзино повторување. Со советите за понатамошна нега на стопалото, се овозможува превенција и спречување на повторно добивање на инфекцијата од други извори.