Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Цента
Дијабетичната болест на бубрезите е бубрежна болест предизвикана од дијабетес. Еден од тројца возрасни со дијабетес има бубрежна болест. Дијабетичната болест на бубрезите е водечка причина за краен стадиум на бубрежна слабост. Околу 30% пациенти со Тип1 дијабетес и 10-40% пациенти со Тип 2 дијабетес ќе развијат бубрежна слабост. Дијабетесот ги оштетува бубрезите бавно, во тек на многу години.
Високото ниво на глукоза во крвта ги оштетува крвните садови во бубрезите. Кога крвните садови се оштетени тие не работат соодветно. Многу особи со дијабетес развиваат и висок крвен притисок кој исто така ги оштетува крвните садови на бубрезите.
Различни ризик фактори на кои може да се влијае допринесуваат за развој и прогресија на дијабетичната нефропатија:
– покачено ниво на гликоза
– долго времетраење на дијабетесот
– висок крвен притисок
– дебелина
– дислипидемија.
Фактори на кои не може да се влијае се
– генетските фактори и
– напредната возраст.
Рани знаци за дијабетична болест на бубрезите:
– зголемено излачување на албумин/протеини во урината; се јавува многу порано пред да се направат другите вообичаени тестови за функцијата на бубрезите
– пораст на телесната тежина
– оток на скочните зглобови
– пораст на крвниот притисок
– зачестено мокрење особено ноќе.
Доцни знаци за дијабетична болест на бубрезите:
– пораст на уреа и креатинин во крв
– гадење, повраќање, намален апетит
– слабост, замор
– чешање по кожата
– грчеви во мускулите, особено на нозете
– слабокрвност
– потреба за помала доза на инсулин.
Ризикот за развој на дијабетична нефропатија кај особите со дијабетес дополнително се зголемува со
– пушење
– неспазување на соодветен режим на исхрана
– солена храна
– пасивен живот без физичка активност
– дебелина
– срцева болест
– фамилијарна историја за бубрежна болест
Најдобар начин да се превенира и успори бубрежна болест поврзана со дијабетес е да се ордржува нивото на глукоза во крвта и крвниот притисок во соодтевтни рамки. Лековите за намалување на крвниот пртисок помагаат и за успорување на оштетувањето на бубрезите.
Здравиот начин на живот опфаќа
– престанок на пушење
– дијабетчна диета со ограничен внес на шеќери и сол
– регуларна физичка активност
– намалување и одржување на здрава телесна тежина
– доволно здрав ноќен сон
Бубрежното оштетување предизвикано од дијабетес може да се влоши со тек на време. Затоа се превземаат мерки да се превенира или одложи бубрежна слабост, состојба кога бубрезите ја губат способноста да функционираат нормално.
Бубрезите ќе се заштитат и подобро ќе работат ако:
– се регулира глукозата
– се регулира крвниот притисок
– се третираат уринарните инфекции
– се избегуваат лекови кои може да ги оштетат бубрезите 9злоупотреба на лекови за болка).