Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Ехосонографското испитување се врши со испраќање на звучни бранови со висока фрекфенција во телото. Овие бранови се рефлектираат од органите и другите структури во телото. Сондата ги прима овие повратни сигнали кои потоа се анализираат и се создаваат слики. Ехосонографските слики се прават во реално време, ја даваат сликата која е “тука и сега”.
Ехосонографија на стомачни органи се прави за да се видат структурите внатре во стомакот. Се користи за дијагноза или исклучување на многу здравствени состојби. Кај мажи на возраст од 65-75 години се препорачува како скрининг метода за аневризма на абдоминална аорта, особено кај пушачи.
Има неколку главни органи во стомакот. Со ехосонографија се создаваат слики на овие органи. Така може да се откријат проблемите во стомакот кои ги предизвикуваат симптомите. Покрај главните органи може да се видат и други структури како крвни садови, ткива, ненормален раст на некое ткиво.
Ехосонографија на стомачни органи помага да се видат органите внатре во стомакот. Се препорачува да се направи ако се има проблем со:
- црн дроб (замастен, фиброза, хемангиоми, цисти, тумор)
- жолчно кесе (воспаление, камнчиња, полипи на зидот)
- панкреас (канцер, жолчни каменчиња, панкреатитис)
- бубрези (големина, каменчиња, цисти, хидронефоза, функционално ткиво, тумор)
- слезенка (големина, ѕраума, малигнитет)
- крвни садови во стомакот
- црева (гасови, туморозна формација)
- мочен меур (воспаление, туморозни пролиферации, дивертикул, каменче)
- простата (кај мажи, големина, тумор).
Стомакот содржи многу важни делови од телото и често има потреба да се проверат. Ехосонографијата помага да се откријат проблеми во стомакот кои може да се и животно загрозувачки.
При секоја болка во стомакот се препорачува да се направи ехосонографски преглед. Ехосонографијата се препорачува ако постои подуеност, болка во слабините, во грбот, болка во стомакот, потешкотии со мокрењето.
Ехосонографијата се користи кога има болест на црн дроб, каменчиња во бубрезите, воспаление и каменчиња во жолчно кесе, панкреатитис, течност во стомачната празнина, тумори кои растат во абдомен, цисти, абсцеси, воспаление и камче во мочен меур, зголемување или тумор на простата.
Некогаш е потребно да се направи и Доплер ехосонографија со што се гледа крвниот проток низ крвниоте садови во стомачните органи.
Фактори кои може да го отежнат прегледот и да ја отежнат интерпретацијата на ехосонографските слики се дебелина, зголемено количество гасови во црева.
Ехосонографијата е метод на испитување кој е брз, сигурен и релативно ефтин. Нема никакви ризици за испитуваниот ниту несакани ефекти или компликации, нема јонизирачко зрачење. Ехосонографија обезбедува слики во сегашно време (real-time).