Д-р Елена Арсова, менаџер на Hair Clinic Beograd (www.hairclinicbalkan.com)
ПРАШАЊЕ ОД ПАЦИЕНТ : Отсекогаш сум имала слаба коса но неодамна состојбата ми се влоши. Размислувам да почнам со некој третман за раст на коса за да ја подобрам состојбата. Но, порано сум носела екстензии на коса но многу кратко. Па би сакала да прашам дали во меѓувреме екстензии на коса ќе ми помогнат да добијам подобар волумен?
ОДГОВОР ОД ДОКТОР-ТРИХОЛОГ : Вашата одлука за да почнете третман за коса е за поздравување и Ве советуваме да ја реализирате. Најдобар начин за добивање волумен е да се обратите на доктор-трихолог за да добиете адекватна терапија за раст на косата, а не да пробате да го маскирате проблемот со екстензии за коса.
Екстензиите за коса се меч со две острици. Додека од една страна додаваат волумен што ги прави многу популарни кај жените, од друга страна предизвикуваат или придонесуваат за прогрес на постоечкиот губиток на коса.
Поради тоа ште се фиксирани блиску до скалпот и поради нивната тежина, вршат константно влечење на фоликулите, и доведуваат до кубење на косата или кршливост на влакното. Во одредени случаи се формираат зони без коса или со скршени влакна што може да личи на алопеција ареата.
Честото носење екстензии може да биде тригер фактор за развој на тракциона алопеција која е предизвикана од големиот притисок на фоликулите што води до трајно намалување на нивната функција. Тогаш состојбата е сериозна и може да доведе до потполно стопирање на растот на косата. Знаците на тракциона алопеција се јавуваат во линијата каде тензијата од надградбата на коса е најсилна.
Се покажа дека постои и елемент на психолошка склонот кој екстензиите за коса. Кога еднаш ќе ги стават, жените се заљубуваат во новиот изглед и тешко им е да се врата на стариот изглед. Тоа доведува до продолжување на нивното носење, без оглед на тоа колку нежно се закачени за косата.
Во зависност од тежината и времетраењето на тракционата алопеција, третманот е можен и дава одлични резултати со примена на 101 тониците и ласерската биостимулација. Но неопходно е да се прекине носење на екстензии на коса или фризури кои водат до зголемено оптеретување на фоликулите.