Д-р Милош Станојевиќ, Foot Clinic
dr Miloš Stanojević ( www.footclinic.rs )
На долната страна на табаните, меѓу прстите и лакот на стопалото, а под метатарзалните коски, како и на петата, постојат перничиња составени од масно ткиво. Тоа перниче е многу значајно за амортизација при движење. Особено е оптеретено ако се носат високи потпетици. Со текот на годините поради долго стоење или носење штикли тоа перниче атрофира.
Атрофија на перничето од масно ткиво на долната страна од стопалото, независно дали е во зоната на петата или предниот дел, е зона на интерес на многу подолози и ортопедски хирурзи. Опциите за третман на атрофија на перничето се во центарот на вниманието и очигледно ќе останат подолго време.
Во тек на нормалниот образец на движење, има притисок на петата во вредност еднаква на 2,5 пати помножено со тежина на телото. Ова води до болка во петата со зголемување на притисокот и оптеретување. Поради тоа во петата, се јавува атрофија на масното перниче кое често е погрешно дијагностицирано како плантарен фасциитис. Последователно тоа води до стрес фрактури на калканеусот.
Дистално пак на предниот долен дел од стопалото се јавува атрофија на перничето кое е резултат на стареење. Но таа атрофија често е присутна и кај различни заболувања од автоимун карактер. Постои предно дислоцирање како кај тип на стопало со висок лак, со поместување на перничето по браздата на прстите.
Можеме да го мериме притисокот по јачина на единица мера во тек на одредено време. Во тек на циклусот на движење, почнувајќи од контактот на петата па до прстите, различни типови на стопала ќе акумулираат различни пикови на притисок. Во тие точки на зголемен притисок има најголема атрофија на природното масно перниче. Како резултат на тоа се јавува болка, чувство на печење, зголемена кератинизација со појава на калуси и кератома. Поради таа силна болка од недостатокот на перничето и од жулевите, сме спречени да ги спроведуваме активностите кои ги сакаме или да ги носиме чевлите кои ги сакаме.
Носењето ортопедски влошки и ортотски додатоци е досадно, а сите сакаме да одиме боси. Затоа е препорачана аугментација или дополнување на масното јастуче. Има три начина на аугментација.
Првата категорија се филери, втората автолипотрансплантација и третата алографт.
Наједоноставен и најчесто применуван третман се филерите кои се инјектираат во стопалото.
Тие даваат брзи резултати , со моментално олеснување на болката и со мали нус ефеки.
Автолипотрансплантација е друг тип на техника на аугментација, со користење на сопственото масно ткиво на пациентите. Имено се зема масно ткиво од стомак и се пренесува и инјектира во стопала. Но ова е хируршка техника со подолго време на рехабилитација.
Аугментација со алографт е третата опција. Се става графт во самото стопало кој заздравува како да е сопствено ткиво со тек на време. Тоа е всушност хируршка процедура која трае подолго а и рехабилитацијата е 6-8 недели.
Најчесто користена сепак е методата со филери затоа што е брза, едноставна и пациентите и докторите ја преферираат.