Д-р Елена Арсова, менаџер на Hair Clinic Beograd (www.hairclinicbalkan.com)
ТРЕТМАН СО БИОМИМЕТИЧНИ ПЕПТИДИ
Опаѓањето на косата е чест проблем со кој се соочуваат и мажите и жените, а се зголемува со годините. Една од причините за тоа е што природните пептиди ја намалуваат својата функција поради што не ја регулираат добро работата на фоликулот и циклусот на раст на косата. Веќе ја научивме лекцијата дека пептидите имаат клучна улога во анти-ејџ негат. Најновите истражувања, објаснува др Елена Арсова, трихолог и сопственик на Hair Clinic Beograd ( (www.hairclinicbalkan.com) покажуваат дека се еднакво значајни и за спречување на опаѓањето и подобар раст на нова коса, како и за дебелината на влакното.
ШТО СЕ БИОМИМЕТИЧНИ ПЕПТИДИ ?
Името биомиметични потекнува од два збора : „био“ што значи живот и „миметично“ што значи имитирачко. Во согласност со тоа, биомиметичните пептиди исто како и природните пептиди се изградени од аминокиселини, кои кожата и косата ги користат за да изгрдата протеини како кератин, колаген и еластин. Кератинот всушност го изградува нашето влакно, а пептидите се контролни фактори кои ја регулираат функцијата на фоликулот на влакното.
КАКО СЕ ИЗВЕДУВА ТРЕТМАНОТ ?
Третманот со биомиметичните пептиди (https://hairclinicbalkan.com/mk/treatments/%d1%82%d1%80%d0%b5%d1%82%d0%bc%d0%b0%d0%bd-%d1%81%d0%be-%d0%b1%d0%b8%d0%be%d0%bc%d0%b8%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%b8%d1%87%d0%bd%d0%b8-%d0%bf%d0%b5%d0%bf%d1%82%d0%b8%d0%b4%d0%b8/ )
се изведува со директно вбризгување на истите во фоликулот со помош на иглички со должина од 3мм. На инјектирањето му претходи КИТ мезотретман во тек на кој фини иглички формираат мали пункции во површинскиот дел на кожата, што дополнително помага на подобра ресорпција на пептидите во скалпот. Кога овие интелигентни молекули ќе ги инфилтрираме во скапот користејќи ги техниките на мезотерапија, тие делуваат на повеќе нивоа на оштетениот и слаб фоликул.
КАКО ДЕЛУВААТ НА РАСТ И СПРЕЧУВАЊЕ НА ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА ?
Биомиметичните пептиди го намалуваат опаѓањето на косата преку стимулација и продолжување на фазата на раст на влакното и последователно намалување на фазата на опаѓање. Тие ја иницираат фазата на растот, што се манифестира со појава на нови влакна, а истовремено се зголемува и дијамтераот на влакното што укажува на зголемена дебелина на влакното. Биомиметичните пептиди дополнително стимулираат и подобра циркулација на крвта поради што се подобрува растот на нова коса, а се намалува преодот во фаза на опаѓање.
КОГА СЕ ЗАБЕЛЕЖУВААТ РЕЗУЛТАТИТЕ ?
Истражувањата покажуваат дека после третманот со биомиметични пептиди, се забележува статистички значајно зголемување на бројот на влакна во фаза на раст и статистички значајно намалување на влакната во фаза на опаѓање. Резултатите се видливи 2 до 6 месеци од почетокот на третманот.