ВАША ОРДИНАЦИЈА: Дебелина – болест и ризик за други болести

by Тони Зографски

Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска

интернист-нефролог

ПЗУ Зегин Интермедика

Дебелината се дефинира како преголема телесна маса. Тоа е сложена, хронична болест со неколку прични кои водат до прекумерни телесни масти кои го менуваат начинот на кој функционира телото и имаат негативни здравствени ефекти.

Здравствените ризици се подобруваат со губење на вишокот телесни масти. Мали промени во тежината, 5-10%, имаат големо влијание на здравјето.

Индексот на телесна маса (БМИ) ја дефинира дебелината, мери просечна телесна тежина наспроти висината. БМИ од 30 кг/м2 или повисоко се смета дебелина, помеѓу 25 и 29.9 е прекумерна тежина, над 40+ е класа III (“морбидна” дебелина).

Метаболизмот е претварање на калориите во енергија за да функционира организмот. Ако има дополнително повеќе калории отколку што се користат, тие се складираат како телесни масти. Масните клетки лачат хормони и хемикалии кои произведуваат воспаление кое има негативни здравствени ефекти.

Комбинираните фактори на ризик имаат тенденција да се зајакнуваат еден со друг и се познати како Метаболен синдром. Ја зголемуваат тежината и го отежнуваат слабеењето, придонесуаат за:

– Дијабетес тип 2

– кардиоваскуларни болести

– замастен црн дроб

– болест на бубрезите

– каменчиња во жолчно кесе

Вишокот телесни масти предизвикува оптоварување на респираторниот и мускуло-скелетниот систем и води до:

– астма, ноќна апнеа

– болка во ‘рбетот

– гихт, остеоартритис

Дебелината влијае на:

– меморијата и когницијата

– неплодност кај жените, компликации во бременост

– депресија, промени во расположението

– одредени канцери: eзофагус, панкреас, дојка, утерус, овариум, колоректален

Дебелината е предизвикана од консумирање повеќе калории отколку што телото може да искористи.

Фактори кои ја зголемуваат консумацијата на калории:

брза и удобна храна – во семејства каде високо прерабоитената храна е основна храна, лесно е да се консумираат многу калории, шеќери и масти; создава зависност.

шеќер има во сé – прехрамбената индустрија е дизајнирана да продава производи од кои стануваме зависни и сакаме да купиме повеќе

маркетинг и рекламирање – купуваме производи кои не ни се потребни, овие производи изгледаат како нормален и неопходен дел од животот

психолошки фактори – досада, осаменост, анксиозност и депресија може да водат до прејадување одреден вид на храна која ги активира центрите за задоволство во мозокот

хормоните (грелин, лептин) го регулираат чувството на глад и ситост

лекови

Фактори кои го намалуваат бројот на калории што ги трошиме:

култура на екранот – сé повеќе време пред екран, телефон или компјутер, долготрајна седечка забава

промена на работата – комјутеризација, автоматизација, се работи седечки и подолго време

замор – колку подолго седиме мирни, толку стануваме поуморни и помалку мотивирани

трендови во грижата за децата – сé помалку игра надвор, повеќе време во затворени простори

Третманот е индивидуален, корекција на навиките и разумни промени, да се открие кои терапии најдобро функционираат:

– промени во исхраната

– зголемена физичка активност

– бихевиорални терапии

– лекови, операција за губење на тежина

Штом телото воспостави нова повисока “зададена точка” (set point, точка на која варијабилната физиолошка состојба има тенденција да се стабилизира) ќе смета дека тоа е новата основна тежина. Сигналите за глад и потрошувачка на енергија се модулираат за да се одржи истата телесна маса и покрај намерата за губење на тежината.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com