Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Мит на кој се наседнува кога сакаме да изгубиме тежина е дека мора да се гладува за да се изгубат килограмите. Со гладување само се успорува базалниот метаболизам и телото, успаничено поради тоа што има ограничен внес на храна, таложи сѐ што ќе се внесе како залихи на масти за да биде сигурно дека подоцна ќе има доволно материи за преживување. На крај ќе треба да се јаде сѐ помалку и помалку за да се одржи тежината. Кога после диетата ќе се вратиме на вообичаен начин на исхрана, базалниот метаболизам е толку спор да и минимални количини на храна дебелеат и тоа е брзиот пат кон враќање на килограмите изгубени со гладување. За да се ослаби не смее да се гладува туку треба да се биде во здрав калориски дефицит.
Мажите не би требало да внесуваат помалку од 1500 калории, а жените помалку од 1200 калории. Здрав ритам на слабеење е половина килограм на недела.
Човечкото тело се однесува многу конзервативно, тешко прифаќа промени во своите навики. Вишокот на килограми не е ставен преку ноќ и телото не сака лесно да се откаже од нив. Телото за да ја прифати новата тежина треба да помине време – за секој изгубен килограм потребно е околу десет дена на привикнување на организмот на новата тежина.
Во времето на прилагодување цел е да се одржи тежината која со мака е стекната и не смее нагло да се вратат старите навики во исхраната кои биле пред диетата. Намирниците од кои сте се откажале треба постепено да се внесуваат во исхраната. Додека сме биле на диета со низок внес на јаглехидрати не сме јаделе благо, леб и тестенини. На телото сега му е потребно време за да се привикне на новата тежина. Во тек на тој период треба намирниците од кои сме се откажале во тек на диетата треба да се јадат еднаш до два пати неделно и никогаш два дена едно по друго. Така телото ќе има време за прилагодување и нема психички да се измачуваме со аскетско откажување од храна која ни недостасува.
Многу важно за одржување на новопостигнатата тежина е количината на храна која се внесува. Математиката е едноставна, за да се симнат килограми потребен е калориски дефицит. Ако се внесуваат повеќе калории отколку што се трошат, брзо ќе почнеме да се дебелееме. Опасно е да се вратиме на старите навики ако сме се прејадувале со големи количини храна. Постоечката тежина најлесно се одржува ако калориите кои се трошат (со базалниот метаболизам и со физичката активност) е еднаков со калориите кои се весуваат. Често имаме погрешна претстава за тоа колку храна внесуваме – најчесто многу повеќе отколку што мислиме.
Физичката активност е многу важна за постигнување на калорискиот дефицит потребен за здраво слабеење. Може да се јави тн. skinny fat sindrom кога вишокот на килограми е решен но нема доволно цврста мускулна маса поради што рацете и нозете стануваат тенки, базалниот метаболизам е низок. Во тек на диета треба да се вежба, комбинација од аеробни вежби со кои се губи масното ткиво и анаеробни вежби за јакнење на мускулите. Откако ќе заврши диетата треба да се продолжи со физичката активност.
Јо-Јо ефектот е неповолена појава до која доаѓа поради тоа што после диетата се враќаме на стариот начин на исхрана, лошите навики во исхраната и физичката (не)активност. Никој не очекува да до крајот на животот живее строго на режимска исхрана и во целост да се откаже од храната која ја сака но потребно е да се прифати дека за одржување на саканата тежина нема да помогне само диетата која има ограничен век на траење туку и промена на начинот на живот.