Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Зегин Интермедика
Црниот дроб има околу многу функции неопходни за добро здравје и долг живот. Ја филтрира крвта, ги отсранува токсините, ги чисти лековите, го преработува алкохолот, ја разградува храната, складира минерали, ги разградува мастите и го одржува нивото на холестерол, го регулира нивото на гликоза и складира шеќер, гради протеини, создава повеќе супстанци потребни за коагулација на крвта, создава жолчка неопходна за варењето на храната, го регулира нивото на хормони, ги контролира имунолошките одговори.
Ако црниот дроб престане да работи, отровите ќе се насоберат, храната не ќе може да се вари, лековите не ќе може да се елминираат од телото.
Причини за болести на црн дроб има повеќе вклучувајќи генетскиболести, автоимуни болести и инфекции.
Ризик фактори за развој на заболување на црниот дроб:
– изложеност на токсини: средства за чистење, пестициди, инсектициди, арсен, фосфор, алдехиди, феноли
– премногу алкохол – може да води до алкохолен замастен црн дроб, воспаление (алкохолен хепатитис), лузни (цироза), па дури и рак на црниот дроб
– додатоци на исхраната – иако се обележани како “природни” не значи дека се добри за вас; многу тревки и суплементи се асоцирани со оштетување на црниот дроб
– гојазност, дијабетес или висок холестерол може да предизвикаат не-алкохолен замастен црн дроб кој може да води до цироза и канцер на црниот дроб. Како и алкохолниот замастен црн дроб, состојбата може да биде реверзибилна во стадиумот кога е само “замастен.”
– историја за болест на црниот дроб – хепатитис Б или Ц и хемохроматоза се ризик фактори за канцер на црниот дроб. Ако во фамилија има генетска болест на црниот дроб, хемохроматоза, Вилсон-ова болест или алфа-1-антитрипсин недостаток, треба да се избегнува алкохол.
Постојат многу чекори што може да се превземат за да се одржи црниот дроб добро да функционира и да се намали ризикот од заболувања:
– ограничена изложеност на токсини (средства за чистење, хемикалии, тутунски производи),
– одржување на холестеролот во нормални граници
– одржување на гликозата во крвта во нормални граници
– мијте ги рацете, хепатитис А се пренесува со контакт со загадена храна или вода
– не споделувајте лични работи со други (жилети, игли, четки за заби)
– не пушете и не користете други тутунски производи
– не користете дроги (кокаин, екстази). Особено опасна е комбинацијата на кокаин и алкохол, може да доведе до акутен хепатитис.
– јадете здрава, балансирана исхрана, одржувајте здрава тежина
– ограничете го внесот на алкохол
– внимателно со лековите и додатоците на исхраната
– практикувајте безбедени заштитени сексуални односи; хепатитис Б и Ц се пренесуваат со крв и други крвни течности.