Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Зегин Интермедика
Мозокот влијае на сé што правиме, на сите аспекти од животот.
Стареењето и гените влијаат на здравјето на мозокот но доживотната невропластичност овозможува да можеме постојано позитивно да влијаеме. Мислите, активностите и секојдневните избори што ги правиме играат значајна улога во здравјето на мозокот.
Промени кои може да ги направиме за да умот остане остар и издржлив:
Дволно квалитетен сон овозможува мозокот да се одмори и опорави од секојдневните активности. Проблемите со спиењето влијаат на когнитивното опаѓање и помнењето кое се забрзува со возраста, предизвикуваат дневна поспаност, хроничен замор, главоболка, раздразливост, промени во расположението.
– одржувајте исто време на будење во тек на викенд за да не го пореметите дневноноќниот ритам
– попаладневната дремка да биде околу 30 минути, за да не бидете поспани или премногу будни навечер пред спиење.
Здрава исхрана – цела, вистинска храна, ферментирана храна, здрави масти кои ги поддржуваат митохондриите. Избегнувајте преработена храна, рафинирани шеќери, генетски модифицирани продукти, пестициди, транс и хидрогенизирани масти.
Одржувањето на мозокот активен и ментално стимулиран го успорува когнитивниот пад. Се активираат процесите во мозокот, мозочните клетки се одржуваат активни, има раст на нови нервни клетки, се забрзува комуникацијата меѓу клетките. Учење нов јазик, музички инструмент, игри (шах, карти), крстозборки, слагалки, читање, пишување. Социјалните конекции го подобруваат здравјето на мозокот.
Правење на една задача во дадено време прави да сме посмирени.
Редовното вежбање позитивно влијае на мозокот.
Запишувањето на мислите помага да се среди “нередот во умот.” Негативните мисли и чувства оставени неконтролирано предизвикуваат хаос врз здравјето и умот.
Тренирајте ја потсвеста која управува со околу 90% од сé што правиме. Повеќето од она што го мислиме, кажуваме и правиме е во функција на нашиот “автоматски” или несвесен ум (потсвест) кој комуницира преку емоции, слики и симболи.
Активно може да се искористи моќта на потсвеста и да се насочи нејзиното позитивно влијание:
– уметничкото, креативно, изразување создава простор за изразување на нашите вистински чувства
– вежбање на посакуваните резултати – програмираме нова активност, вештина или мисла во нашиот несвесен ум. Вежбаме нови ставови, идеи, мисли и резултати кои сакаме да станат реалност.
– повторување пред спиење помага содржината да се пренесе во нашата потсвест – начин да научиме нов материјал, презентација.
Отстранете ги отровите – алуминиумот ја поминува крвно-мозочната бариера, амалгамот во пломбите на забите содржат 50% жива.
Микробрановото зрачење од мобилни телефони и други безжични технологии, Wi-Fi рутери, компјутери, таблети, се поврзува со неуродегенеративни пореметувања. Преку ноќ исклучете го Wi-Fi уредот, не го држете мобилниот телефон на телото, не држете такви уреди во собата во која спиете.
Медитацијата, “ментална вежба”, помага да се одмориме од мислите кои постојано течат во нашиот ум, промовира духовен раст, внатрешен мир, регулација на вниманието и емоциите.
Оптизам – делот од мозокот кој се наоѓа напред, позади очите, учествува во регулација на емоциите и однесувањето преку интеграција на интелектуални и емоционални информации. Предвидува тенденција кон анксиозност или оптимизам.