Рефлуксот на киселина е широко распространет, се јавува кај 1 од 5 луѓе. Рефлуксот и неговиот главен симптом, горушицата, се непријатни и болни состојби.
Рефлукс е кога желудочната киселина се враќа во хранопроводот (езофагус), цевката што ја поврзува устата со желудникот. Кога храната ќе стигне во желудникот, таа се меша со киселите желудочни сокови и ако се враќа назад во хранопроводот може да ја иритира неговата слузница која не може да се справи со киселините.
Симптомите се чувство на печење зад градната коска, горушица, враќање на храна или кисела течност во устата, потешко голтање.
Кога состојбата е хронична и потешка со тек на време позната е како ГЕРБ, гастроезофагеална рефлуксна болест. Повеќето луѓе можат да се справат со повремениот случај на рефлукс на киселина со промени во животниот стил и лекови без рецепт. Најчеста е неерозивната рефлуксна болест (НЕРБ) која се одликува со рефлукс кој не ја оштетил мукозата на хранопроводот.
Ако долниот езофагеален сфинктер премногу се опушти може да дојде до рефлукс. Одредени храни имаат тенденција претерано да го опуштат овој сфинктер: алкохол, мрсна храна и чоколадо. Дисфункција на сфинктерот, кога спонтано се опушта, се јавува кога премногу се растега желудникот со премногу храна или воздух (од газирани пијалоци).
Тројна закана е обемен оброк богат со калории и со масти. Кај осетливи луѓе одредени храни може да предизвикаат зголемена секреција на желудочна киселина: зачинета храна, газирани и пијалоци со кофеин, алкохол, агруми, домати, кромид, лук, чоколадо.
Да се избегнува:
– месо и јајца, особено црвено месо, храна од животинско потекло
– мрсна и пржена храна, мастите го забавуваат празнењето на желудникот, мрсната храна може да го релаксира долниот езофагеален сфинктер
– шеќер и вештачки засладувачи
– кофеински и газирани пијалоци
– зачинета храна, многу зачини имаат значајни здравствени придобивки, но луѓе кои страдаат од горушица треба да внимаваат
Преработената храна го влошува рефлуксот; нејзино намалување или елиминација ги подобрува симптомите. Видено е дека растителната храна ја намалува појавата на симптомите.
Растителна храна и пијалоци кои можат да помогнат:
– диња, банани, ја неутрализираат стомачната киселина
– зелен зеленчук, ктас
– ориз, овес, овесната каша има благотворно дејство на слузницата на желудникот
– чај од камилица, делува антивоспалително и смирувачки на дигестивниот систем
– тиква, компир, сладок компир, ја намалуваaт горушицата и непријатните сензации
– ферментирана соја, мисо супа
– пискавица, грчко семе, традиционален дигестивен лек
Промени во животниот стил:
– избегнување на големи порции, брза храна, готови сокови; дебелината е ризик фактор за развој на рефлукс
– побавно јадење, добро џвакање на храната
– прекин на пушење
– прекин на пиење алкохол
– да не се легнува веднаш по јадење
– спиење на лева страна со благо свиткани нозе
– стратегии за управување со стресот